Џуз 10
Дел 1 од 7
Ел-Енфал
И знајте дека, навистина, од она што ќе го заплените во борба, тогаш, една петина му припаѓа на Аллах и на пејгамберот, и на роднината негова, и на јетимите и на сиромашните, и на патниците доколку верувате во Аллах и во она што е објавено до робот Наш, и во денот во кој се одделија вистината и невистината, во денот во кој се судрија две војски. А Аллах е Кадар за се!
Ел-Енфал
Кога вие бевте во падината поблиска, а оние во падината подалечна, а караванот беше многу подолу од вас: а ако се договоревте немаше да се договорете за времето на судирот, но Аллах ја определи наредбата која стана делотворна: да пропадне оној кој што треба да пропадне за да му биде јасно, а да остане во живот оној кој што треба да остане во живот за да му биде јасно. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!
Ел-Енфал
Кога Аллах во сон ти покажа дека се малку, а да ви покажевме дека се многу, ќе изгубевте и ќе се каравте, но Аллах, ете, донесе спас. Он, навистина, го знае она што е во градите!
Ел-Енфал
И кога се соочивте Он во очите ваши, смалувајќи ги, ги прикажа малку за Аллах да ја определи наредбата која се изврши. Кон Аллах работите се враќаат!
Ел-Енфал
О верници, кога ќе се судрите со некоја чета, бидете цврсти и споменувајте Го Аллаха многу за да се спасите!
Ел-Енфал
И бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов; не карајте се еднисодруги зашто ќе ослабнете и ќе ви исчезне моќта. Бидете трпеливи! Аллах, навистина, е со трпеливите!
Ел-Енфал
И не бидете како оние кои излегоа од домовите свои горделиво, очигледно пред луѓето, а кои, всушност, одвраќаат од Аллаховиот пат. Аллах го опфаќа она што го работат!
Ел-Енфал
И кога Шејтанот им ги разубави делата нивни, рекоа: „Денес никој меѓу луѓето не може да ве победи зашто јас сум заштитникот ваш!“ И бидејќи две чети се сретнаа очи в очи Шејтанот се повлече по стапалките свои, и рече: „Да, јас сум далеку од вас и јас, навистина, го гледам она што вие не го гледате, и да, јас стравувам од Аллах! Аллах е Силен Казнувач!“
Ел-Енфал
Кога дволичните и оние во чии срца има болештина зборуваа: „Нив верата нивна ги измами.“ А оној кој ќе се потпре врз Аллах ... па, Аллах, навистина, е Силен и Мудар!
Ел-Енфал
Е, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите, удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни: „Искусете ја казната огнена!
Ел-Енфал
Ете, тоа е заради она што го направија рацете ваши. А Аллах, навистина, не е зулумќар кон робовите!“
Ел-Енфал
Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние кои беа пред нив. Не веруваа во знаменијата на Аллах... па, Аллах ги казни заради гревовите нивни. Аллах, навистина, е Јак, Силен Казнувач!
Ел-Енфал
Бидејќи е така, Аллах, навистина, не го менува благодатот кој го подари на луѓето се додека оние не се изменат самите себеси. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец!
Ел-Енфал
Слично на обичајот на фараоновите луѓе и оние што беа пред нив. Ги сметаа за лажни знаменијата од Господарот свој, па Ние ги уништивме заради гревовите нивни и го потопивме семејството фараоново. Сите беа зулумќари!
Ел-Енфал
Најлошите суштества кај Аллах се оние кои пренебрегнуваат; тогаш, оние кои не веруваат,
Ел-Енфал
оние со кои ти склучи договор па, потоа, го кршат договорот свој секојпат, оние не се богобојазливи.
Ел-Енфал
А ако се судриш со нив во борба, тогаш, истерај ги за да се сетат оние по нив.
Ел-Енфал
А ако, пак, се плашиш да не те издаде народот, тогаш, возврати им на ист начин. Аллах, навистина, не ги љуби предавниците!
Ел-Енфал
Нека неверниците, секако, не сметаат дека ќе ја избегнат казната. Оние, навистина, не можат да ја избегнат казната Негова!
Ел-Енфал
Подгответе против нив моќ која можете да ја смогнете, и коњи за војна со што ќе ги заплашите и непријателот на Аллах и непријателот ваш и други освен нив. Вие не ги знаете, а Аллах ги знае. А она што ќе го поделите на Аллаховиот пат ќе ви се надополни и нема да ви се направи зло!