Џуз 11
Дел 1 од 8
Ет-Тевба
Да, има начин против оние кои бараа од тебе дозвола а беа, секако, богати и задоволни затоа што останаа со оние кои не отидоа во борба. Аллах ги запечати срцата нивни и оние, токму, не знаат!
Ет-Тевба
Оние ќе ви се правдаат кога ќе се вратите кај нив. Кажи: „Не оправдувајте се, никогаш нема да ви веруваме, бидејќи Аллах не извести за вас, навистина! Аллах ќе ги види делата ваши, а и пејгамберот Негов. Потоа ќе се вратите кај Зналецот на тајното и видливото, па ќе ве извести за она што го работевте.
Ет-Тевба
Ќе ви се колнат во Аллах кога ќе им се вратите за да ги избегнете. Избегнувајте ги! Да, оние се нечисти а престојувалиштето нивно, како награда, е Џехеннемот, токму, заради она што го спечалија.
Ет-Тевба
Оние ви се колнат за да бидете задоволни од нив. Е, па, ако бидете задоволни од нив, па, Аллах, навистина, нема да биде задоволен од народот расипнички!
Ет-Тевба
Бедуините се најцврсти во неверувањето и во дволичноста и најсвојствено им е да не ги знаат границите на она што го објави Аллах на пејгамберот Свој. Аллах е Зналец и Мудар!
Ет-Тевба
Меѓу бедуините има и такви кои го прифаќаат она што го делат како нешто пропаднато, и одвај очекуваат да ве погодат несреќи! Несреќата на злото нив нека ги погоди! Аллах е Слушач и Зналец!
Ет-Тевба
Меѓу бедуините има и такви кои веруваат и во Аллах и во Ахирет и го прифаќаат она што го делат како средство да се биде во близината на Аллах и заради благословите на пејгамберите. Па, за нив тоа, навистина, е приближување. Аллах ќе ги воведе во милоста Своја. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Ет-Тевба
Со претходниците првенци меѓу мухаџирите и меѓу енсариите и оние кои ги следеа во доброчинство... Аллах е задоволен со нив, а и тие се задоволни со Него. За нив Он подготви бавчи низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е победа голема!
Ет-Тевба
А меѓу бедуините кои се околу вас има и дволични, а и меѓу жителите на Медина: истрајни во дволичноста. Ти не ги знаеш, а Ние ги знаеме. Ќе ги казниме во два наврата, а потоа пак ќе бидат вратени во казната голема!
Ет-Тевба
И други, пак, кои ги признаваа гревовите свои, мешајќи ги добрите дела со други, лоши дела. Ним Аллах, можеби, ќе им прости. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Ет-Тевба
Земај од имотите нивни садака за да ги очистиш со тоа и да ги облагородиш, и помоли се за нив. Молбата твоја, навистина, ќе ги смири! Аллах е Слушач и Зналец!
Ет-Тевба
Не знаат ли дека Аллах, навистина, е Оној кој прима покајание од робовите Свои; Он ги прима и садаките. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Ет-Тевба
И кажи: „Работете! Па, Аллах ќе го види работењето ваше, а и пејгамберот Негов и верниците; и ќе бидете вратени кон Зналецот на тајното и видливото па ќе ве извести за она што го работевте.“
Ет-Тевба
Има и други кои останаа во исчекување на наредбата на Аллах: Он или ќе ги казни или ќе им прости. Аллах е Зналец и Мудар!
Ет-Тевба
И оние кои изградија Месџид само да направат штета и да поттикнат неверство, да ги одвојат верниците, подготвувајќи го за оној кој војува против Аллах и пејгамберот Негов од порано, кој сигурно се колни: „Ние само добро посакуваме.“ А Аллах сведочи дека тие, навистина, се лашковци!
Ет-Тевба
И никогаш не здружувајте се во него. Месџидот, кој е подигнат уште од првиот ден заради богобојазливост, заслужува повеќе да се задржи во него. Во него се луѓето кои сакаат да се очистат, а Аллах ги љуби чистите!
Ет-Тевба
Кој е подобар? Оној кој ја темели градбата заради богобојазливост и задоволство или оној кој ја темели градбата на работ од подлокан брег, кој е наведнат, па само што не се сруши во него, во огнот џехеннемски? А Аллах не го упатува народот зулумќарски!
Ет-Тевба
Градбата што ја подигнале потајно, ќе биде сомневање во срцата нивни се додека срцата нивни не се разделат. Аллах е Зналец и Мудар!
Ет-Тевба
Да, Аллах ги купи од верниците и животите нивни и имотот нивни: за нив има Џеннет; се борат на Аллаховиот пат, убиваат на него и бидуваат убивани. Ова е вистинското ветување Негово и во Теврат и во Инџил и во Кур'ан. И кој го исполнува ветувањето негово како што тоа го прави Аллах? Зарадувајте се со трговијата ваша со која, всушност, работете. Ете, тоа е победа голема!
Ет-Тевба
Онаквите се кајат, и обожаваат, се заблагодаруваат, и патуваат и на руку' и на сеџде паѓаат, и наредуваат добро и одвраќаат од зло, и ги чуваат границите Аллахови. И зарадувај ги верниците!