Џуз 12
Дел 1 од 9
Худ
На земјата нема ниедно животно на кое Аллах не му дава 'рск и Он да не го знае неговото престојувалиште и неговото наоѓалиште. Сето тоа е во Книгата јасна.
Худ
Он ги создаде небесата и Земјата за шест дена. И Аршот Негов беше над водата за да ве испроба кој од вас работи најдобри дела. А ако им речеш: „Вие ќе бидете проживеани по смртта“ - оние кои не веруваат, секако, ќе ти речат: „Ова е само волшебништво отворено!“
Худ
А кога би ја задоцниле казната за нив се до еден рок определен, сигурно ќе речат: „Што ја спречува?“ На Денот кога таа ќе им пристигне не ќе може да им се отстрани и ќе се овистини затоа што и се исмеваа.
Худ
А кога ние на човекот би му дале да вкуси милост од Нас и ако потоа Ние ја одземеме тој, тогаш, навистина, ќе се поплаче и ќе биде неблагодарен!
Худ
Да, кога би направиле да вкуси благодат по штетата што му се случи сигурно ќе речат: „Се отстранаа лошотиите од мене!“ Тој, навистина, е достоен и горделив!
Худ
Освен оние кои се трпеливи и кои работат добри дела. За нив има прошка и награда голема!
Худ
Па, можеби ќе оставиш од она што ти се објавува и од она што ги стеснува градите твои, зашто зборуваат: „Зошто не му е спуштен ковчег или зошто не дојде со него мелек?“ Ти си, навистина, опоменувач! Аллах е Закрилник на се!
Худ
Или, пак, ќе речат: „Тој го измисли.“ Кажи: „Па, донесете десет измислени суриња, слични на неговите. И повикајте кого можете - освен Аллах - ако сте искрени.“
Худ
А ако не ви се оѕвијат... та, знајте дека, навистина, се објавува само со знаењето Аллахово и дека нема друг бог освен Него. Тогаш, ќе бидете ли Послушни?
Худ
Оние кои го сакаат животот на овој свет и украсот негов Ние ќе им ги надополниме постапките нивни во него и оние, тука не ќе бидат, токму, прикратени:
Худ
оние за кои на Ахирет ќе има само казна. Таму ќе им пропадне она што го изградија и ќе им биде ништожно она што го работеа.
Худ
Еднаков ли е оној кој беше при јаснотијата од Господарот свој, што ја следеше сведокот од Него, а и од порано, Книгата на Муса, показот и милоста - кои веруваат во неа - на оној кој не верува во неа, меѓу дружините; за него огнот е престојувалиштето негово, и тогаш, не сомневај се во неа. Таа, секако, е вистина од Господарот твој, но мнозинството меѓу луѓето не веруваат.
Худ
И кој прави поголем зулум од оној кој фрла лага врз Аллах? Онаквите ќе бидат доведени пред својот Господар, а сведоците ќе речат: „Оние се кои лажеа за Господарот нивни.“ И проклетството Аллахово нека е врз зулумќарите!
Худ
Оние кои одвраќаат од Аллаховиот пат и кои го искривуваат... оние, токму, не веруваат во Ахирет!
Худ
Онаквите на земјата се немоќни и, освен Аллах, немаат друг заштитник. За нив казната ќе биде удвоена. Не се во состојба ни да слушаат ни да гледаат.
Худ
Да, онаквите се упропастија самите себеси и скршнаа од нив заради она што го измислуваа.
Худ
А на Ахирет оние се, без сомнение, страдалници.
Худ
Оние кои, навистина, веруваат и кои добри дела работат, и кои се оддадени на Господарот свој се - жители џеннетски и во него за навек ќе останат:
Худ
како две дружини: слеп и глув, и уште: како оној што гледа и оној што слуша. Овие двајца, на пример, можат ли да се изедначат? Нема ли да се присетите?
Худ
И Ние веќе го испративме Нух до народот негов: „Јас сум, навистина, ваш јасен опоменувач!