Џуз 13
Дел 1 од 8
Јусуф
Јас, меѓутоа, не се оправдувам. Душата, навистина, е наклонета кон злото, освен ако не и се смилува Господарот мој. Господарот мој, навистина, е Простувач и Сомилосен!“
Јусуф
И владарот рече: „Доведете го кај мене, ќе го изберам за свој придружник.“ И бидејќи разговараше со него, рече: „Ти денес кај нас имаш сигурно место.“
Јусуф
Јусуф рече: „Одреди ме да ги чувам ризниците во земјава. Јас сум, навистина, познат чувар!“
Јусуф
И ете, така Ние на Јусуф му дадовме посебно место на земјата. И се исели на неа таму каде што сакаше. Со милоста Наша Ние наградуваме кого сакаме, а наградата на доброчинителите не ја намалуваме.
Јусуф
А наградата на Ахирет е подобра за оние кои веруваа и кои беа богобојазливи.
Јусуф
И дојдоа браќата на Јусуф и влегоа кај него. И тогаш тој ги препозна а тие него не го препознаа.
Јусуф
И бидејќи ги снабди со делот нивни, рече: „Доведете го кај мене вашиот брат по бабо. Не гледате ли дека јас, навистина, мерам праведно и дека јас сум најдобар угостувач?
Јусуф
Па, ако не го доведете нема да ви мерам и повеќе нема да ми се приближувате!“
Јусуф
Рекоа: „Ќе настојуваме да го одвратиме од него бабо му; и, секако, тоа ќе го направиме!“
Јусуф
И Јусуф им рече на момчињата: „Погледнете ги нивните покуќнини во товарите нивни; можеби, кога ќе им се вратат на семејствата, ќе ги препознаат; можеби пак ќе се вратат.“
Јусуф
И бидејќи се вратија кај бабо им, рекоа: „О бабо наш, ние нема да добиеме повеќе храна. Испрати го, тогаш, брат ни со нас. Со него сигурно ќе добиеме храна. И сигурно ќе го чуваме!“
Јусуф
Бабо им рече: „Да ви го доверам ли онака како што ви го доверив брат му порано? Па, Аллах е најдобриот чувар! И меѓу милостивите, токму, е Најмилостивиот!
Јусуф
И бидејќи го отворија товарот, видоа како покуќнините нивни се вратени, и рекоа: „О бабо наш, што ни треба повеќе? Овие наши покуќнини ни се вратија; ќе ги снабдиме семејствата наши, и ќе го чуваме брат ни, и ќе добиеме повеќе од еден камилски товар, - тоа е товар незначителен.“
Јусуф
Тој рече: „Нема да го испратам со вас, сигурно, додека не ми дадете заклетва, која ќе се потпира врз Аллах дека ќе ми го вратите, освен ако не настрадате. И бидејќи му дадоа заклетва, рече: „Аллах е Закрилник за она што го зборуваме!“
Јусуф
И рече: „О синови мои, не влегувајте низ една порта, туку влегувајте низ различни порти. Јас немам никаков удел во она што ви го одредува Аллах. Пресудата, навистина, е - Аллахова! Врз Него се потпирам и врз Него се потпираат они кои, токму, се потпираат.“
Јусуф
И бидејќи влегоа отаде од каде што им заповеда бабо им, ништо за нив не беше остварено од страна на Аллах, освен потребата во душата на Јакуб која ја оствари; Јакуб беше зналец бидејќи Ние го поучивме, навистина, но мнозинството на луѓето не знаат.
Јусуф
И бидејќи влегоа кај Јусуф, го привлече Јусуф брат му кон себе, и рече: „Да, јас сум брат ти, и не жалости се за она што го направија!“
Јусуф
И бидејќи ги снабди со она што требаше да ги снабди, стави еден сад за мерење во товарот од брат му. Потоа, еден возгласник возгласи: „О каравану, вие сте, навистина, крадци!“
Јусуф
И оние, враќајќи им се, рекоа: „Што барате?“
Јусуф
Рекоа: „Го бараме садот од владарот, а оној што ќе го донесе ќе добие товар камилски. За тоа јас ветувам.“