Страна1 / 10
← Сите џузови

Џуз 15

Дел 1 од 10

1

Ел-Исра

Славен нека биде Оној кој робот Свој ноќе го пренесе од Месџидул Харам до Месџидул Акса, чија околина Ние ја благословивме за да му покажеме некои од знаменијата Наши. Он, навистина, е Слушач и Гледач!

2

Ел-Исра

И на Муса Ние Книга му дадовме и ја определивме да биде Патоказ за синовите Израилови: „Не земајте, освен Мене, друг закрилник!“

3

Ел-Исра

Потомци од оние кои ги товаривме со Нух. Он, навистина, беше роб благодарен!

4

Ел-Исра

И во Книгата Ние на Синовите Израилови им определивме: „Вие ќе предизвикате на земјата безредие во два наврата, сигурно! И прекумера, нависоко ќе гледате!“

5

Ел-Исра

Па, кога дојде ветувањето, она првото, против вас, Ние испративме робови Наши, силни и јаки, кои ги прегазија домовите. И ветувањето беше остварено.

6

Ел-Исра

Потоа Ние ви ја вративме силата против нив и ве поддржавме и со имотот и со синовите и броено ве зголемивме.

7

Ел-Исра

Ако направите добро, правите добро за себеси, а ако, пак, направите зло, правите за себеси. А кога дојде ветувањето друго Ние ги испративме за да се ужалат лицата ваши, и за да влезат во Храмот како што влегоа првпат, и целосно да го уништат она што ќе го заземат.

8

Ел-Исра

Господарот ваш, можеби, ќе ви прости. Ако вие почнувате и Ние почнуваме. Џехеннемскиот затвор Ние го определивме за неверниците!

9

Ел-Исра

Овој Кур'ан, навистина, упатува кон она што е најисправно, и на верниците кои работат добри дела им донесува радосница дека за нив, секако, има награда голема.

10

Ел-Исра

А за оние кои не веруваат... на Ахирет, навистина, Ние ќе им подготвивме казна болна.

11

Ел-Исра

И човекот повикува кон зло како што повикува и кон добро. Човекот е претерано брз!

12

Ел-Исра

И денот и ноќта Ние ги направивме две знаменија. Па, знамението ноќ го избришавме, и знамението ден го направивме очигледно за да барате добрина од Господарот ваш, и за да го знаете бројот на годините и сметањето. Па, секоја работа Ние потенко ја објаснивме!

13

Ел-Исра

И за вратот на секој човек Ние ќе му го обесеме делото негово, и на Денот суден, Книгата со која ќе се сретне, ќе му ја извадиме отворена:

14

Ел-Исра

„Читај ја Книгата твоја; за тебе денес е доволно тоа што ќе полагаш сметка.“

15

Ел-Исра

Оној кој оди по патот вистински, оди по него, навистина, за себеси, а оној кој скршнува во заблуда, скршнува во заблуда, навистина, против себеси. И никако не ќе го носите бремето на другиот. И Ние не казнивме ниеден народ додека не му испративме пејгамбер.

16

Ел-Исра

И Ние кога сакаме го уништуваме еден град, и ги оставаме раскошниците негови во разврат па се овистинува зборот против нив и тогаш до темел го рушиме тој град.

17

Ел-Исра

И колку поколенија по Нух Ние уништивме! Доволно е што Господарот твој ги гледа, и што е Гледач и Известен за гревовите на робовите Свои.

18

Ел-Исра

На оној кој го посакува овој свет Ние му го даваме она што го сакаме, и на оној кому сакаме, потоа, ќе му одредиме Џехеннем во кој ќе биде пржен, потценет и напуштен!

19

Ел-Исра

А на оној кој го посакува Ахирет и кој тежнее кон него, кој е верник... е, па, на онаквите тежнеењето нивно е благодарно!

20

Ел-Исра

Ние им даваме на сите, било на овие било на оние, од подароците на Господарот твој. А подарокот на Господарот твој не е невреден!