Џуз 16
Дел 1 од 14
Ел-Кехф
Рече: „Нели ти реков дека ти, навистина, не можеш да издржиш со мене?“
Ел-Кехф
Рече: „Ако те прашам уште за нешто по ова, тогаш, не придружувај ме. Ете, така, што се однесува до мене, ти се оправдав!“
Ел-Кехф
И пак тргнаа двајцата. И кога стигнаа до жителите на едно село, побараа да ги нахранат, но овие одбија да ги угостат, и така, наидоа на еден ѕид кој само што не беше се урнал, па го ипсрави. Муса рече: „Да посакаше, секако, ќе беше награден за ова!“
Ел-Кехф
Рече: „Ова е одделувањето, всушност, меѓу мене и меѓу тебе. Ќе ти го откријам знаењето за она за што, токму, не можеш да се стрпиш!“
Ел-Кехф
Што се однесува до чамецот, тој беше во сопственост на сиромашни кои работат на морето. Посакав да го оштетам, бидејќи зад нив е еден владар кој го плени и присвојува секој чамец.
Ел-Кехф
Што се однесува до детето, родителите негови се верници, па не обзеде страв да не ги турне во пакост и неверство,
Ел-Кехф
па посакавме Господарот нивни да им го замени со подобро дете од него, почисто и помилосно!
Ел-Кехф
Што се однесува до ѕидот, па тој е во сопственост на две јетимчиња од градот. Под него се наоѓа благо за нив. Бабо им беше добар. И ете, така Господарот твој посака тие деца да пораснат, да сјакнат и да си го извадат благото свое: тоа е милост од Господарот твој. Се што направив, не направив по свое. Ете, така, тоа е толкување за она за што не можеш да се стрпиш!“
Ел-Кехф
И те прашуваат за Зул Карнејн. Кажи: „Ќе ви изнесам за него едно сеќавање.“
Ел-Кехф
Ние, навистина, му дадовме едно значајно место на земјава. И му дадовме показ кон секоја ствар,
Ел-Кехф
и тој, тогаш, тргна кон показот.
Ел-Кехф
И кога стигна до местото каде што заоѓа сонцето, тој помисли дека заоѓа во матен извор, и тука најде еден народ. Ние рековме: „О Зул Карнејн, или ќе го казниш овој народ или, пак, ќе бидеш учтив кон него!“
Ел-Кехф
Рече: „Што се однесува до оној кој прави зулум... па, ќе го казнам, а потоа ќе му се врати на Господарот свој... и Он ќе го казни со казна невидена.“
Ел-Кехф
Што се однесува до оној кој верува и кој работи добро... па, нему му припаѓа награда најубава. Со наредбата што ќе му ја кажеме ќе му олесниме.
Ел-Кехф
Потоа пак тргна по показот.
Ел-Кехф
Кога стигна до местото, каде што изгрева сонцето, наиде на еден народ над кого излегуваше сонцето. И Ние не му дадовме покривка да се штити од него.
Ел-Кехф
Ете, така постапи со тој народ и Ние целосно ја знаевме постапката пред него.
Ел-Кехф
Потоа пак тргна по показот.
Ел-Кехф
Кога стигна до едно место меѓу две брда наиде, освен на нив и на еден народ кој, речиси, не разбираше говор.
Ел-Кехф
Рекоа: „О Зул Карнејн, Јеџуџ и Меџуџ, навистина, се безредници на земјава. Ако ти дадеме награда, дали тогаш ќе направиш ограда помеѓу нас и помеѓу нив?“