Страна1 / 17
← Сите џузови

Џуз 19

Дел 1 од 17

21

Ел-Фуркан

Оние кои не полгаат надеж во Средбата наша, зборуваат: „Зошто не ни се спуштаат мелеки или, пак, зошто не го гледаме Господарот наш?“ Тие веќе се дуеја во душите нивни, наголемо зе изнасилија.

22

Ел-Фуркан

На Денот во кој ќе ги видат мелеките ќе нема за силниците никаква радосница; ќе речат: „Сочувај не!“

23

Ел-Фуркан

И Ние ќе пристапиме кон делата нивни и пепел и прав ќе ги направиме.

24

Ел-Фуркан

Жителите џеннетски на Денот тој ќе бидат сместени во најубаво престојувалиште и ќе се одмараат во најубава почивка,

25

Ел-Фуркан

Ден ќе биде тоа во кој небесата ќе се расцепат во тенки облаци и Ден во кој мелеките ќе се спуштаат.

26

Ел-Фуркан

Тогаш власта вистинска ќе му припадне на Милостивиот, а за неверниците на Денот тој ќе биде неподносливо.

27

Ел-Фуркан

Ден во кој зулумќарот ќе ги крши прстите од рацете свои, велејќи: „Тешко мене! Друг пат, освен патот на пејгамберот прифатив!

28

Ел-Фуркан

О тешко мене! О пропаст моја! Е, да не земав друг пријател!

29

Ел-Фуркан

Ме одврати од Опомената веќе по нејзиното доаѓање до мене!“ Шејтанот, навистина, останува за човекот предавник!

30

Ел-Фуркан

И пејгамберот рече: „Господаре, народот мој, навистина, го прифати овој Кур'ан како отпадок!“

31

Ел-Фуркан

И ете, така за секој пејгамбер меѓу силниците Ние определивме непријател. Доста ти е што во Господарот твој имаш упатувач и поддржник.

32

Ел-Фуркан

Оние кои не веруваат, велат: „Зошто не му е објавен Кур'анот во целост, во еден замав?“ Ете, така Ние го објавуваме за да го утврдиме со него срцето твое. Така, дел по дел среден, Ние го објавуваме.

33

Ел-Фуркан

И тие не ќе донесат никаков урнек а Ние да не ти донесеме вистина и најдобро толкување.

34

Ел-Фуркан

Оние со наведнатите лица кон Џехеннемот ќе бидат во најлошо место и беспаќе.

35

Ел-Фуркан

И на Муса Ние, секако, му објавивме Книга, а брат му Харун за поддржник го одредивме,

36

Ел-Фуркан

па, рековме: „Одете до народот кој ги сметаше за лажни ајетите Наши“ - а потоа народот Ние го снемавме.

37

Ел-Фуркан

А и на народот на Нух, исто така, зашто ги сметаше за лажни пејгамберите, Ние го потопивме, и одредивме да биде знамение за луѓето. А за зулумќарите Ние болна казна подготвивме.

38

Ел-Фуркан

А и Ад и Семуд и жителите на Ресе, и поколенија многу меѓу нив Ние уништивме.

39

Ел-Фуркан

И за секој народ, меѓутоа, Ние донесовме примери и, потоа, го снемавме.

40

Ел-Фуркан

А, секако, поминуваат пакосни крај градот врз кого се истури дожд. А не го приметуваат ли? И дури на оживувањето не се надеваат!