Џуз 2
Дел 1 од 6
Ел-Бекара
Некои од безумните ќе речат: „Заради што ги свртеа плеќите од Киблата своја кон која тие се управуваа?“ Кажи: „И Исток и Запад се - Аллахови, и Он упатува кого сака по патот вистински.“
Ел-Бекара
И ете, така, Ние ве направивме средишен народ за да бидете сведоци против луѓето, а и пејгамберот да биде сведок против вас. Киблата кон која се управуваше ја променивме само заради тоа да дознаеме кој го следи пејгамберот а кој оди по стапалките поранешни. Тоа им беше, освен на оние кои се упатени од Аллах, многу тешко. Аллах нема да го пренебрегне намазот ваш. Аллах, навистина, кон луѓето е Сочувствителен и Сомилосен!
Ел-Бекара
И Ние, навистина, ќе ти овозможиме да се управиш кон онаа Кибла - а веќе приметивме како лицето свое го управуваш кон небо - со која ќе бидеш задоволен. Па, управи го лицето свое кон Месџидул Харам. И каде било да се најдете, управете ги лицата ваши кон Месџидул Харам. А и оние до кои дојде Книгата добро узнаа дека тоа е вистина од Господарот нивни. И Аллах не е невнимателен кон она што го работат!
Ел-Бекара
И оние со доставената им Книга - и покрај тоа што ќе им ги доставиш сите знаменија - нема да ја следат Киблата твоја. А и ти нема да ја следиш Киблата нивна. Ниту тие еднизадруги ќе ја следат Киблата нивна. А кога би ги следел страстите нивни, по знаењето кое веќе ти дојде, тогаш, би бил, навистина, меѓу зулумќарите.
Ел-Бекара
Оние на кои Ние им ја дадовме Книгата го познаваат пејгамберот како што ги познаваат синовите свои. А некои од нив знаејќи, секако, ја скриваат вистината.
Ел-Бекара
Вистината е од Господарот твој, па, немој да бидеш меѓу сомневачите!
Ел-Бекара
И секој кон својата страна си се управува, па претходете еднизадруги во добрини. И каде било да се најдете - Аллах ќе ве збере. Аллах, навистина, е Кадар за се!
Ел-Бекара
И каде било да осамнеш... па, управи го лицето свое кон Месџидул Харам. Вистината е од Господарот твој. И Аллах не е невнимателен кон она што го работите.
Ел-Бекара
И каде било да осамнеш... па, управи го лицето свое кон Месџидул Харам. И каде било да се најдете, управете ги лицата ваши кон Месџидул Харам за да не донесат луѓето доказ против вас, изземајќи ги од нив зулумќарите од кои не треба да се плашите, туку, за да ви го зголемам благодатот и да ве упатам по патот вистински, од Мене плашете се!
Ел-Бекара
Меѓу вас Ние пејгамбер испративме кој ќе ви ги кажува ајетите Наши, и кој ќе ве очисти и кој ќе ве поучи и во Книгата и во Мудроста и во она што не го знаевте!
Ел-Бекара
Споменувајте Ме а и Јас ќе ве споменувам; бидете Ми благодарни и немојте да не верувате!
Ел-Бекара
О верници, и во трпеливост и во намаз помош барајте. Аллах, навистина, е со трпеливите!
Ел-Бекара
А за оние кои ќе загинат на Аллаховиот пат не велете дека се мртви. Но, не! Живи се, но вие тоа не го чувствувате.
Ел-Бекара
Ние ќе ве искушуваме, сигурно, со неколку работи: и со страв, и со глад, и со губење на имотот и животот и летнините... но, зарадувај ги трпеливите!
Ел-Бекара
Оние кои ќе ги снајде некаква несреќа, зборуваат: „Ние сме, навистина, Аллахови и Нему ќе му се вратиме!“
Ел-Бекара
Врз нив се спуштаат благослови од Господарот нивни, и Милост, и оние, токму, се упатените.
Ел-Бекара
И Сафа и Мерва, навистина, се знаци Аллахови: кој ќе ја ходочести Куќава или кој ќе изврши умра - нема грев ако направи неколку круга од Сафа до Мерва. А оној кој ќе направи некое добро дело доброволно па, Аллах, навистина, е Благодарен и Зналец!
Ел-Бекара
Оние кои ги кријат и јаснотиите и Патоказот кои ни се објавени по нивното објаснување за луѓето, во Книгата, онаквите и од Аллах и од проколнувачите ќе бидат проколнети,
Ел-Бекара
освен оние кои, навистина, ќе се покајат и кои ќе се поправат и тоа очигледно ќе го направат: ним ќе им простам. Јас сум Простувач и Сомилосен!
Ел-Бекара
Оние кои не веруваат и умрат, а неверници се, врз сите нив ќе се разлее проклетството Аллахово, и проклетството од мелеките и од сите луѓе,