Џуз 20
Дел 1 од 9
Ен-Немл
А народот негов само му одговори: „Истерајте го семејството Лутово од градот ваш. Да, тоа се луѓе кои се чистат!“
Ен-Немл
И тогаш Ние ги избавивме Него и семејството негово, освен жена му за која одредивме да биде од останатите.
Ен-Немл
И Ние врз нив спуштивме дожд голем. Е, само колку беше лош тој дожд за опоменатите!
Ен-Немл
Кажи: „Благодарение на Аллах и селам на робовите Негови кои Он ги избра.“ Кој е подобар: Аллах или оние кои Му ги здружуваат?
Ен-Немл
Аллах, кој ги создаде небесата и Земјата и кој ви спушти вода од небото, па со неа правиме да 'ртат бавчи прекрасни во кои вие не можете да одредите да растат стеблата нивни. Има ли друг бог покрај Аллах? Не, тоа е народ кој претерува.
Ен-Немл
Оној кој ја одреди земјата за утврда и кој, низ пробивите нејзини, определи да течат реки, и кој, за неа, определи планини и, меѓу две мориња, ограда. Има ли друг бог освен Аллах? Но, мнозинството од нив не знаат!
Ен-Немл
Оној кој ќе му се оѕвие на притиснатиот кога овој ќе го повика, кој открива зло и кој ве прави да бидете халифи на земјава? Има ли друг бог освен Аллах? Малкумина се оние кои се сеќаваат!
Ен-Немл
Оној кој ве упатува низ темнините на копно и по море, и кој ви ги испраќа ветровите како радосница, од милоста Своја... има ли друг бог освен Аллах? Аллах е високо над она што Му го здружуваат!
Ен-Немл
Оној кој го започнува создавањето и кој го возобновува, и Оној кој ве снабдува и од небо и од земја... има ли друг бог освен Аллах? Кажи: „Донесете ваш доказ ако сте искрени!“
Ен-Немл
Кажи: „Тајната што е на небесата и на Земјата ја знае само Аллах. И не знаат кога ќе бидат оживеани.
Ен-Немл
Но, не! Знаењето нивно за Ахирет е никакво; оние се сомневаат во него; слепи се во однос на него.“
Ен-Немл
И неверниците зборуваат: „Кога ќе станеме земја ќе бидеме ли ние и предците наши оживеани, навистина?“
Ен-Немл
Да, со ова нам ни се заканува како што им се закануваше и на предците наши порано: „Ова се само прикаски одамнешни!“
Ен-Немл
Кажи: „Патувајте по земјата! Па, погледнете каква беше казната за силниците!“
Ен-Немл
И не жалости се заради нив и нека не ти се стеснува во градите заради сплеткарењето нивно!
Ен-Немл
И зборуваат: „Кога ќе се оствари ветувањето ако сте искрени?“
Ен-Немл
Кажи: „Можеби дел од она за што го забрзувате ќе ви дојде по стапалките ваши.“
Ен-Немл
Господарот твој, навистина, е Поседник на добрината за луѓето, но мнозинството од нив не се заблагодаруваат.
Ен-Немл
Господарот твој, секако, го знае и она што го кријат градите нивни и она што го обелоденуваат.
Ен-Немл
И никаква тајна нема ни на небесата ни на Земјата, а да не е внесена во Книгата јасна.