Џуз 21
Дел 1 од 9
Ел-Анкебут
И не расправајте со Следбениците на Книгата, освен на најдобар начин, а не и со оние меѓу нив кои зулум направија. И кажете: „Веруваме и во она што ни се објавува и во она што ви се објавува. И нашиот и вашиот Бог е еден Бог; ние сме само Нему Послушни.“
Ел-Анкебут
Ете, така Ние ти ја објавивме Книгата. Па, оние на кои Книга им дадовме веруваат во неа. И меѓу нив, исто така, има кои веруваат во неа. А за ајетите Наши расправаат само неверниците.
Ел-Анкебут
Ти пред неа не кажуваше ниту една Книга, а не ја пишуваше ни со твојата десна рака... во овој случај ќе се посомневаа оние кои невистина зборуваа.
Ел-Анкебут
Книгата ја сочинуваат ајетите јасни во градите на оние со даденото им знаење. И за ајетите Наши расправаат само неверниците.
Ел-Анкебут
И зборуваат: „Зошто не му се објавуваат знаменија од Господарот негов?“ Кажи: „Знаменијата се, навистина, кај Аллах. Јас сум само опоменувач јасен!“
Ел-Анкебут
Не се задоволуваат ли со тоа што Ние, секако, ти објавивме Книга која им се кажува? Ете, во тоа, навистина, има милост и опомена за луѓето кои веруваат!
Ел-Анкебут
Кажи: „Аллах е доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. Оние кои во неисправното веруваат и кои не веруваат во Аллах, токму, се поразените.
Ел-Анкебут
И оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А да нема рок определен, казната, секако, ќе им дојдеше. Несреќата ќе им дојде, навистина, ненадејно, без и да усетат.
Ел-Анкебут
И оние посакуваат од тебе што побрзо да им дојде казната. А Џехеннемот, секако, ќе ги опфати неверниците:
Ел-Анкебут
на Денот кога ќе ги обземе казната и над нив и под нив, и кога ќе им се рече: „Искусете го она што го работевте!“
Ел-Анкебут
О робови мои, вие кои верувате, Земјата Моја е широка - та, само Мене обожавајте Ме!
Ел-Анкебут
Секој човек ќе ја проба смртта. Потоа Нам ќе ни се вратите.
Ел-Анкебут
А на оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги известиме дека во Џеннетот има одаи под кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Е, само колку е убава наградата за трудољубивите:
Ел-Анкебут
оние кои беа трпеливи и кои се потпираа врз Господарот свој.
Ел-Анкебут
И колку животни има кои не си го стекнуваат 'рскот нивни. Нив и вас Аллах ве храни. Он е Слушач и Зналец!
Ел-Анкебут
А кога, пак, би ги прашал: Кој ги создаде небесата и Земјата, и кој ги потчини Сонцето и Месечината, сигурно ќе речат: „Аллах!“ Па, тогаш каде кинисуваат?!
Ел-Анкебут
Аллах дава 'рск кому сака од робовите Свои, и Он му одредува мера. Аллах, навистина, знае се!
Ел-Анкебут
А кога, пак, би ги прашал: „Кој спушта вода од небесата, со која ја оживува земјата по мртвилото нејзино?“ Сигурно ќе речат: „Аллах!“ Кажи: „Благодарение на Аллах!“ Но, мнозинството од нив не сфаќаат.
Ел-Анкебут
Животот на овој свет е само игра и забава; животот во Куќата ахиретска, секако, е вистинскиот. Е, кога би знаеле!
Ел-Анкебут
Кога ќе се качат во чамецот го повикуваат Аллаха, чисто, исповедувајќи ја верата, и бидејќи ќе ги избави на копно, ете, здруженик Му припишуваат,