Страна1 / 9
← Сите џузови

Џуз 22

Дел 1 од 9

31

Ел-Ахзаб

А на таа од вас, која е оддадена на Аллах и на пејгамберот Негов, и која работи добро дело, Ние ќе и ја дадеме наградата нејзина во два наврата, и ќе и подготвиме 'рск благороден!

32

Ел-Ахзаб

О жени пејгамберови, вие не сте како другите жени. Ако сте богобојазливи... па, немојте да го дигате гласот зашто, тогаш, може да се предизвика желбата на оној во чие срце има болештина, и зборувајте убави зборови!

33

Ел-Ахзаб

И останете во домовите ваши; и не покажувајте ја убавината онака како што се покажуваше убавината во џахилиетот одамнешен. И намаз извршувајте и зекат давајте, и на Аллах и на пејгамберот Негов бидете послушни. Аллах, навистина, посакува да го отстрани срамното дело од вас, о Ехлул Бејт, за да ве очисти, потполно!

34

Ел-Ахзаб

И паметете го она што се кажува во домовите ваши: од ајетите Аллахови и мудроста. Аллах, навистина, е Сочувствителен и Известен!

35

Ел-Ахзаб

И за послушните мажи и за послушните жени, и за верниците и за верничките, и за потчинетите мажи и за потчинетите жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за трпеливите мажи и за трпеливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат милосрдие и за жените кои даваат милосрдие, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои ги чуваат срамните места и за жените кои ги чуваат срамните места, и за мажите кои го споменуваат Аллаха многу, и за жените кои го споменуваат Аллаха многу... за сите нив Аллах подготви и прошка и награда голема, навистина!

36

Ел-Ахзаб

Не е на верникот и на верничката, кога Аллах ќе одреди нешто а и пејгамберот Негов, да донесат избор за работите нивни. А оној кој е непослушен и кон Аллах и кон пејгамберот Негов... тој веќе скршнал во заблуда очигледна!

37

Ел-Ахзаб

И кога му рече на оној кого Аллах го благослови и кого ти го благослови: „Задржи ја за себе жената твоја, и плаши се од Аллах;“ во душата твоја го криеш она што ќе го обелодени Аллах, и од луѓето се плашиш. А Аллах има право повеќе да се плашиш од Него. И бидејќи Зејд реши да се разведе од неа, Ние те оженивме со неа за да нема тешкотија за верниците при женењето со жените на посинетите кога овие ќе решат да се разведат од нив. Наредбата Аллахова, секако, е делотворна!

38

Ел-Ахзаб

И за пејгамберот не е тешко да го работи она што Аллах му го наредува: таква беше одредбата Аллахова и кон оние порано; а наредбата Аллахова, секако, е премногу моќна,

39

Ел-Ахзаб

за оние кои ги доставуваат посланијата Аллахови и кои од Него стравуваат, и кои од никого, освен од Аллах, не стравуваа... а Аллах е Доволен за полагање сметка.

40

Ел-Ахзаб

Мухаммед, секако, не е ничии бабо од мажите ваши, но тој е само пејгамбер Аллахов и печат на пејгамберите. Аллах, навистина, знае се!

41

Ел-Ахзаб

О верници, споменувајте Го Аллаха, со споменување често!

42

Ел-Ахзаб

И славете Го и наутро и навечер!

43

Ел-Ахзаб

Он, токму, ве слави, а и мелеките Негови ве слават: за да ве избави од темнини во светлина. Он, навистина, е кон верниците Сомилосен!

44

Ел-Ахзаб

На денот, кога со Него ќе се сретнат, поздравот нивни ќе биде: Селам! И за нив Он подготви награда благородна!

45

Ел-Ахзаб

О пејгамберу, Ние, навистина, те испративме и како сведок, и како радосник и како опоменувач,

46

Ел-Ахзаб

и како повикувач, со одобрението Негово и кон Аллах и кон светилката што свети.

47

Ел-Ахзаб

И зарадувај ги верниците дека за нив од Аллах, навистина, има добротија голема.

48

Ел-Ахзаб

И не слушај ги неверниците и дволичните, и отфрли ги навредите нивни, и потпри се врз Аллах. Аллах е Доволен Закрилник!

49

Ел-Ахзаб

О верници, кога ќе ги венчате верничките со кои, пред да ги допрете, ќе се разделите, тие немаат обврска да го чекаат рокот определен, чии денови, токму, ги броите. Па, дајте им подарок венчан и убаво разделете се!

50

Ел-Ахзаб

О пејгамберу, Ние, навистина, ти ги дозволивме жените твои на кои им ги даде венчаните подароци, и оние кои се во посед твој, кои Аллах ти ги даде со пленот, и ќерките на миџовците твои, и ќерките на халите твои, и ќерките на дајџовците твои, и ќерките на тезите твои кои се иселија со тебе; и жената верничка ако самата ќе му се подари на пејгамберот, а тој ќе посака да ја венча: ова се однесува само на тебе, а не и на верниците останати. Ние го знаеме, секако, она со што ги задолживме во врска со жените нивни, и со оние кои се во посед нивни за да немаш никаква тешкотија. Аллах е Простувач и Сомилосен!