Страна1 / 18
← Сите џузови

Џуз 23

Дел 1 од 18

28

Ја-Син

Но, по него, против народот негов, Ние не испративме војска од небо а, всушност, никојпат не испраќавме.

29

Ја-Син

И ете, само еден страшен глас ќе се слушнеше и веднаш ќе ги снемаше.

30

Ја-Син

Еј, хасрет за робовите! Не им доаѓаше ниеден пејгамбер а оние да не го исмеваа.

31

Ја-Син

Не гледаат ли колку поколенија пред нив Ние уништвивме? Оние ним, навистина, не им се вратија.

32

Ја-Син

Иако сите оние, заедно, кај Нас ќе бидат вприсутнети.

33

Ја-Син

Знамение за нив е и земјата мртва: Ние ја оживуваме и од неа вадиме жито од кое тие, токму, јадат.

34

Ја-Син

И по земјата Ние расфрлавме бавчи со урми и бавчи со грозје, и одредивме од неа да извираат извори,

35

Ја-Син

за да се хранат со плодовите нејзини и со она што произведуваат рацете нивни. Не се ли благодарни?

36

Ја-Син

Славен нека биде Оној кој создаде парови од се: од она што никне од земјата и од нив самите и од она што не го знаат.

37

Ја-Син

Знамение за нив е и ноќта: од неа Ние го вадиме денот и, ете, оние остануваат во темница.

38

Ја-Син

И Сонцето, исто така, си тече до определената утврда. Ете, тоа е одредба на Моќниот и Зналецот.

39

Ја-Син

И на Месечината и одредивме состојби се додека таа не стане како суво урмино гранче.

40

Ја-Син

Ни Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот. И се во вселената плови!

41

Ја-Син

Знамение за нив е и тоа што Ние, навистина, го носевме потомството нивно во бродот преполн.

42

Ја-Син

И за нив Ние создадовме нешто слично на она на што оние се качуваат.

43

Ја-Син

И кога би посакале би ги потопиле: па, за нив нема спасувачки глас и не ќе бидат спасени,

44

Ја-Син

освен милоста Наша, па да уживаат до рокот определен.

45

Ја-Син

И кога ќе им се рече: „Плашете се за она што беше пред вас и за она што ќе биде по вас за Он да ви се смилува!“

46

Ја-Син

И не им доаѓаше никакво знамение од Господарот нивни а да не беа кон него рамнодушни.

47

Ја-Син

И кога ќе им се рече: „Делете од 'рскот кој Аллах ви го даде“ - неверниците им зборуваат на верниците: „Да го храниме ли оној кого, ако Аллах сакаше, е го хранеше? Вие сте само во скршнување очигледно!“