Џуз 24
Дел 1 од 9
Ез-Зумер
Па, кој е поголем зулумќар од оној кој лаже за Аллах, и кој, кога ќе му дојде вистината, лаже? Нели Џехеннемот е засолниште за неверниците?
Ез-Зумер
Оној кој дојде со вистината и оние кои ја потврдија истата... оние, токму, се богобојазливите!
Ез-Зумер
За нив, кај Господарот нивни, има се што ќе посакаат. Ете, тоа е награда за доброчинителите.
Ез-Зумер
Аллах за да им ги отстрани оние пропусти што ги направија и за да ги награди со најубавата награда нивна оние кои работеа.
Ез-Зумер
Нели Аллах е доволен за робот Негов? А оние те заплашуваат со оние, освен Него. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него, нема упатувач!
Ез-Зумер
А оној кого ќе го упати Аллах... па, за него, нема никој што ќе го скршне во заблуда! Нели е Аллах Силен и Строг?
Ез-Зумер
И ако ги прашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат „Аллах!“ Кажи: „Нели ги видовте оние кои ги обожававте освен Аллах?“ Ако Аллах ми нанесе штета дали тие ќе можат да ја отстранат штетата Негова? Или, ако посака да ми подари милост, дали тие можат да ја задржат милоста Негова? Кажи: „Аллах за мене е доста. Врз Него се потпираат оние кои се потпираат!“
Ез-Зумер
Кажи: „О народе мој, работете на местата ваши! Јас, навистина, работам. Па, ќе узнаете, секако,
Ез-Зумер
кому ќе му дојде казната што ќе го осрамоти, и за кого се спрема казна постојана.“
Ез-Зумер
Ние, навистина, ти објавивме Книга за луѓето, со вистина. Тогаш, кој ќе се упати за себеси ќе се упати, а кој ќе скршне во заблуда, скршнува, навистина, против себеси. Ти не си товар за нив.
Ез-Зумер
Аллах ги усмртува душите при самата смрт нивна, но онаa додека спије, не е мртва. Па, така, за оние за кои Он ќе реши да умрат, ги задржува, а оние за кои ќе реши да останат, ќе останат до рок определен. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!
Ез-Зумер
Прифаќаат ли покрај Аллах други посредници? Кажи: „Оние ли кои не поседуваат ништо и кои не сфаќаат?“
Ез-Зумер
Кажи: „Посредништвото за сите е кај Аллах! Власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Потоа Нему ќе му се вратите.
Ез-Зумер
И само кога ќе се спомене името на Аллах, Единствениот, ќе се згрчат срцата на оние кои не веруваат во Ахирет. А кога ќе се споменат, пак, оние освен Него, ете ги како се радуваат!
Ез-Зумер
Кажи: „О Аллаху мој, Творител на небесата и на Земјата, Зналец и на тајното и на јавното, Ти ќе им пресудиш на робовите Твои за она за што станаа деленици!“
Ез-Зумер
Оние кои зулум прават кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку би дале, секако, за пакоста на Денот суден, само, ете, да се спасат од неа. А за казната нивна, од страна на Аллах, ќе им се предочи и она што не можеле да го замислат.
Ез-Зумер
И ќе им се предочат лошотиите нивни, што ги спечалија, и ќе им се остварат оние работи за кои, токму, се исмеваа.
Ез-Зумер
Па, кога ќе го снајде човекот неволја некаква, Не повикува. А кога ќе му овозможиме, потоа, благодат Наша, вели: „Она што ми е дадено, токму, е знаењето!“ Но, не! Тоа е сплетка, но ете, мнозинството од нив не знаат.
Ез-Зумер
Тоа, секако, го зборуваа и оние пред нив. Па, така, не им вредеше она што го спечалија.
Ез-Зумер
Па, ете, ги погодија лошотии за она што го спечалија; оние од нив кои зулум направија ќе ги погодат лошотии за она што го спечалија: ќе станат немоќни.