Страна1 / 13
← Сите џузови

Џуз 25

Дел 1 од 13

47

Фусилет

До Него допира знаењето за Часот. И плодовите што излегуваат од лисната обвивка нивна, и која било жена што ќе затрудни и што ќе роди... е само со знаењето Негово. А на Денот кога ќе им возгласи: „Каде се здружениците Мои?“ Ќе речат: „Ти јавуваме дека меѓу нас нема таков сведок!“

48

Фусилет

И ќе скршнат од нив оние кои ги молеа порано. И ќе помислат дека не ќе можат да се оттргнат.

49

Фусилет

На човекот никогаш не му досадува да се моли за добро, а, ако, пак, го снајде зло некакво, очајува, без надеж е!

50

Фусилет

А ако, пак, Ние дадеме да ја вкуси милоста Наша, веќе по штетата што му се случила, сигурно ќе рече: „Ова е мое, и не мислам дека Часот некогаш ќе дојде. А ако, пак, бидам вратен кај Господарот мој... кај Него, мене, навистина, ме чека добрина.“ Па, сигурно Ние ќе ги известиме оние кои не веруваат за она што го работеа, и ќе дадеме да ја искусат, сигурно, казната голема!

51

Фусилет

А кога Ние некој човек го благословуваме, станува рамнодушен и, од своја страна, останува настрана, а ако го снајде зло, ете го, како долго се моли.

52

Фусилет

Кажи: „Што мислите? Ако е тоа од Аллах, а вие не верувате во тоа! А кој скршнал во заблуда повеќе од оној кој е во секотина далечна?“

53

Фусилет

Ние ќе им ги покажеме знаменијата Наши во видиците а и во нив самите за да им стане јасно дека тој, навистина, е вистина. Нели е доста тоа што Господарот твој, секако, е Сведок за се!

54

Фусилет

Е, не е така: тие се сомневаат во средбата со Господарот свој, а Он, секако, опфаќа се!

1

Еш-Шура

Ха, мим,

2

Еш-Шура

ајн, син, каф!

3

Еш-Шура

Ете, така ти се објавува, како и на оние пред тебе, Аллах, Силниот и Мудриот!

4

Еш-Шура

Се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Он е и Вишен и Голем!

5

Еш-Шура

Небесата само што не се здробат еднинадруги, а мелеките Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и бараат прошка за оној кој е на земјата. Но, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6

Еш-Шура

Оние кои прифаќаат други заштитници освен Него... Аллах бдее врз нив и ти не си закрилник врз нив!

7

Еш-Шура

И ете, така Ние ти го објавивме Кур'анот на арапски за да ја опоменеш Уммул Кура и оние околу неа, и да ги опоменеш за Денот на собирањето во кој, секако, нема сомнение. Една дружина ќе биде во Џеннетот, а една ќе биде во Џехеннемот!

8

Еш-Шура

Аллах да сакаше ќе ве направеше да бидете еден народ. Но, Он кого сака го воведува во милоста Своја. А зулумќарите немаат ни заштитник ни поддржник!

9

Еш-Шура

Или: „Прифатија ли други, освен Него, пријатели. Па, Аллах е Оној кој е Пријател, и Он ги оживува мртвите и Он е Кадар за се!

10

Еш-Шура

И во се што се разединувате - та, Судот за тоа е Аллахов. Тоа ви е Аллах, Господарот мој, врз Него се потпирам и Нему му се обраќам!“

11

Еш-Шура

Создател на небесата и на Земјата! И од вас Он парови создаде и од добитокот парови создаде. За да ве множи, секако! Нему не Му е ништо слично. Он е Слушач и Гледач!

12

Еш-Шура

Клучевите и на небесата и на Земјата се - Негови! Кому сака дава 'рск и му одредува. Он, навистина, е Зналец на се!