Џуз 27
Дел 1 од 20
Ед-Даријат
А Ибрахим рече: „А за што е вашето обраќање, о пратеници?“
Ед-Даријат
Рекоа: „Ние сме, навистина, испратени до народот насилнички,
Ед-Даријат
за да им испратиме камења од стврдната глина;
Ед-Даријат
тоа е одредено кај Господарот твој за расипниците.“
Ед-Даријат
Ете, од тоа Ние верниците ги избавивме,
Ед-Даријат
и ете, само една куќа од Послушните најдовме;
Ед-Даријат
и во неа Ние оставивме знамение за оние кои стравуваат од казната болна;
Ед-Даријат
и за Муса, кога Ние го испративме до фараонот со доказ јасен,
Ед-Даријат
и ете, фараонот ги сврти плеќите и рече: „Маѓесник или луд!“
Ед-Даријат
Па, така, него и војската негова, Ние ги фативме и во морето ги потопивме; тој самиот се осуди на пропаст.
Ед-Даријат
И за Ад, кога Ние им испративме ветар што суши:
Ед-Даријат
и кај што помина ништо не остави, а да не биде како каменолом.
Ед-Даријат
И за Семуд, кога им беше речено: „Уживајте до едно време определено!“
Ед-Даријат
Па, се оглушија од наредбата на Господарот свој и, ете, Ние ги погодивме со страшен глас, и останаа само гледајќи.
Ед-Даријат
Па, не можеа ни да се исправат, а ниту, пак, да им се помогне.
Ед-Даријат
А и на народот на Нух, порано. Тој беше, навистина, народ расипнички!
Ед-Даријат
И небото Ние го подигнавме со моќта Наша, сигурно! И што уште можеме да направиме!
Ед-Даријат
И земјата Ние ја проширивме. Е, само колку е личен Оној што ја прошири!
Ед-Даријат
И од секое нешто Ние создадовме пар за да се сеќавате!
Ед-Даријат
„Побрзајте кај Аллах. Јас сум ви од Него, секако, опоменувач јасен.