Страна1 / 7
← Сите џузови

Џуз 28

Дел 1 од 7

1

Ел-Муџадила

Аллах, секако, го слушна зборот на таа која расправаше со тебе за мажот нејзин и која се жалеше на Аллах. Аллах ја слушна расправата ваша. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

2

Ел-Муџадила

Оние меѓу вас кои ќе прават зихар на жените свои, тие не им се мајките нивни, а мајките нивни се само оние кои ги родија... зборуваат, секако, тешки зборови. А Аллах, навистина, е Помилувач и Простувач!

3

Ел-Муџадила

А оние кои прават зихар кон жените свои, а потоа ќе се вратат кон она што го рекоа, треба да ослободат роб пред да се состанат со нив. Ете, тоа вие се советува. Аллах е Известен за она што го работите!

4

Ел-Муџадила

А оној кој не ќе може, па нека пости два месеца едензадруг пред да се состанат. А ако тоа некој не може, нека нахрани шеесет сиромаси. Ете, тоа за да верувате во Аллах и во Пејгамберот Негов. Ете, тоа се границите Аллахови. А за неверниците, пак, има казна болна!

5

Ел-Муџадила

Оние кои му се спротиставуваат на Аллах и на Пејгамберот Негов ќе бидат осрамотени како што се осрамотени оние пред нив. Ние објавивме, секако, ајети јасни. А за неверниците има, пак, срамна казна!

6

Ел-Муџадила

На Денот во кој Аллах ќе ги збере сите па ќе ги извести за она што го работеа. Аллах тоа го преброи и тие тоа го заборавија. Аллах, секако, е Сведок за се!

7

Ел-Муџадила

Не виде ли дека Аллах, навистина, го знае се она што е на небесата и на Земјата? Нема доверлив состанок меѓу тројца а Он да не е четвртиот; нема ни меѓу петмина а Он да не е шестиот; ниту помалку ниту повеќе од тоа, а Он да не е со нив и каде било да се! Потоа ќе ги извести за она што работеа на Денот суден. Аллах, навистина, знае се!

8

Ел-Муџадила

Не ги виде ли оние на кои им се забрануваше да се состануваат тајно, потоа се вратија кон она што им беше забрането; се состануваат тајно заради грев и непријателство и непослушност кон пејгамберот. И кога ти доаѓаат ти уаптуваат поздрав онака како што Аллах не те поздрави, а во себеси си зборуваат: „Па, Аллах не не казнува за она што зборуваме!“ Џехеннемот, во кој ќе бидат фрлени, е доста за нив! Е, само колку лошо сврлатилиште е тоа!

9

Ел-Муџадила

О верници, кога ќе се состанувате не состанувајте се тајно за грев, и непријателство и непослушност на пејгамберот, туку состанувајте се за доброчинство и богобојазливост. Плашете се од Аллах кај Кого, токму, ќе се зберете!

10

Ел-Муџадила

Состанувањето тајно, навистина, е една од шејтанските работи: само да се вознемират оние кои веруваат. Тоа во ништо не ќе им наштети, освен со одобрението Аллахово. Па, врз Аллах нека се потпираат верниците!

11

Ел-Муџадила

О верници, кога ќе ви се рече: „Направете места, таму каде што се држат состаноци, на другите... па, и вам Аллах ќе ви пушти место!“ А ако ви се рече: „Станете па, станете!“ Аллах ќе ги воздигне меѓу вас оние кои веруваат и на оние на кои им е дадено знаење, кои се на повисоки степени. Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

12

Ел-Муџадила

О верници, кога ќе се состанете со пејгамберот, поделете садака пред да се состанете со него. Ете, тоа, секако, е подобро и почисто за вас! А ако, пак, немате... па, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

13

Ел-Муџадила

Се плашите ли, пред состанувањето со него, да дадете садака? Па, ако тоа не го направите, а Аллах ви прости, тогаш, намаз извршувајте и зекат давајте и бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов. Аллах е Известен за она што го работите!

14

Ел-Муџадила

Не ги виде ли оние кои се спријателија со народот, а на кој Аллах се налути? Оние не се ваши а не се и нивни. А се колнат за лагата, знајеќи!

15

Ел-Муџадила

Аллах им подготви жешка казна. Е, само колку е лошо она што го работеа!

16

Ел-Муџадила

Ги земаат заклетвите свои како штит, па така, одвраќаат од Аллаховиот пат. И за нив има казна срамна.

17

Ел-Муџадила

Не ќе им користат ни имотите нивни, ни децата нивни, кај Аллах, во ништо. Оние се жители на огнот, и во него за навек ќе останат!

18

Ел-Муџадила

На Денот кога Аллах сите ќе ги оживи: ќе се колнат во Него како вам што ви се колнат, сметајќи дека тоа ќе им користи во нешто. Не, лашковци се, навистина!

19

Ел-Муџадила

Шејтанот изнајде начин како да ги совлада, па така, ги натера да го заборават споменувањето на Аллах. Тие се странка на Шејтанот. Да, странката на Шејтанот е онаа која губи.

20

Ел-Муџадила

Оние кои, навистина, Му се спротиставуваат на Аллах и на пејгамберот Негов... тие ќе бидат, токму, најпонижените!