Џуз 29
Дел 1 од 22
Ел-Мулк
Возвишен е Оној во чија рака е власта: Он е Кадар за се!
Ел-Мулк
Кој ги создаде и смртта и животот за да ве испроба кој меѓу вас прави најдобри дела. Он е Силен и Простувач!
Ел-Мулк
Кој создаде седум небеса, еднинадруги. Во создавањето на Милостивиот не гледаш никаков недостаток: па, сврти го погледот: ќе видиш ли некаков недостаток?
Ел-Мулк
И сврти го погледот по втор пат!... погледот ќе ти се врати поразен, и ете го, изнемогол!
Ел-Мулк
Да, није небото на овој свет со ѕвезди го разубавивме и Ние одредивме да фрла камења по шејтаните. И за нив Ние подготвивме казна Саир!
Ел-Мулк
А за оние кои не веруваат во Господарот свој има казна џехеннемска. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
Ел-Мулк
И кога ќе бидат фрлени во огнот ќе го слушаат неговото пламтење и тој само ќе фрла пламен!
Ел-Мулк
Ете, само што од лутина не ќе се распрсне. И секогаш кога ќе биде фрлено во него, во гомила, чуварите негови ќе ги прашуваат: „Нели ви доаѓаше опоменувач?“
Ел-Мулк
Ќе речат: „Да, ни доаѓаше опоменувач, па го сметавме за лажен и зборувавме Аллах не објави ништо. Вие сте скршнати во заблуда голема!“
Ел-Мулк
И ќе речат: „Да слушневме... и да бевме разумни не ќе бевме сега меѓу жителите на Саир!“
Ел-Мулк
Па, ќе ги признаат гревовите свои и, тогаш, далеку нека бидат меѓу жителите на Саир!
Ел-Мулк
А за оние кои стравуваат од Господарот свој тајно, за нив има, навистина, прошка и награда голема!
Ел-Мулк
Ќе ги преќутувате ли зборовите ваши или, пак, гласно ќе ги кажувате... Он, навистина, го знае она што е во градите!
Ел-Мулк
Како да не знае Оној кој создаде. Он е Чувствителен и Известен!
Ел-Мулк
Он е Оној кој ви ја потчини земјата: па, патувајте по пределите нејзини и јадете од 'рскот Негов. Кај Него ќе се зберете!
Ел-Мулк
Сигурни ли сте дека Оној кој е на небесата не ќе ви згнети во земјата кога таа одненадеж ќе се затресе?
Ел-Мулк
Или сигурни ли сте дека Оној кој е на небесата не ќе ви испрати виор? Па, ќе узнаете каква е заканта Моја?
Ел-Мулк
Да, лажеа и оние пред нив. И каква беше, според тоа, казната Моја?
Ел-Мулк
Не ги гледаат ли птиците над нив како летаат со раширени и собрани крилја? Ги држи само Милостивиот. Он, навистина гледа се!
Ел-Мулк
И кој е тој кој ќе ви биде војска ваша, кој ќе ви помогне, освен Милостивиот? Неверниците, навистина, се во обмана!