Страна1 / 7
← Сите џузови

Џуз 3

Дел 1 од 7

253

Ел-Бекара

Меѓу пејгамберите еднинадруги одликувавме: од нив имаше и такви со кои Аллах зборуваше, а и такви кои на повисок степен ги воздигнуваше. И на Иса, синот на Мерјем, Ние јаснотии му дадовме, и со Светиот Џибрил го потпомогнавме. Оние кои беа по нив, да сакаше Аллах, немаше да се убиваат: до пристигнувањето на јаснотиите до нив, но, ете, се разединуваа. Меѓу нив имаше и кои веруваа и кои не веруваа. А Аллах да сакаше оние немаше да се убиваат. Но, Аллах работи она што го посакува.

254

Ел-Бекара

О верници, делете од нафаката која Ние ви ја дадовме пред да настапи Денот кога повеќе не ќе има ни продажба, ни пријателство, ни посредување. А зулумќарите се, токму, неверници!

255

Ел-Бекара

Аллах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоен! Не го обзема ни дремка ни сон. Се што е на небесата и на Земјата е - Негово! И кој може кај Него, без одобрението Негово, да се заземе!? Он го знае и она што е пред нив и она што е зад нив. И од знаењето Негово, само со посак Негов, оние мал дел опфаќаат. Престолот Негов поширок е и од небесата и од Земјата. Чувањето на овие не е никаква тешкотија за Него. Он е Вишен и Голем!

256

Ел-Бекара

Во верата нема насилство зашто патот вистински јасно се одделува од беспаќето. Оној кој не верува во Тагут, а верува во Аллах веќе го дофатил најцврстото јаже во кое нема искинатина. Аллах е Слушач и Зналец!

257

Ел-Бекара

Аллах е Заштитник на оние кои веруваат: од темнини во светлина ги изведува. А оние кои не веруваат - шејтаните за заштитници свои ги имаат: од светлина во темнини ги туркаат. Овие се жители џехеннемски и во него за навек ќе останат!

258

Ел-Бекара

Не виде ли оној на кој Аллах му даде власт како расправаше со Ибрахим за Господарот свој? И кога Ибрахим рече: „Господарот мој е оној кој оживува и кој усмртува.“ Рече тој: „Јас сум тој што оживува и што усмртува.“ А Ибрахим рече: „Па, Аллах, навистина, определува Сонцето да излезе на Исток, а определи тогаш ти, тоа да излезе на Запад!“ И остана збунет оној што не веруваше. И Аллах не го упатува народот невернички!

259

Ел-Бекара

Или другиот, кој, поминувајќи низ испразнета, опустошена населба, рече: „Та, навистина, како Аллах ќе го оживи ова по мртвилото негово?!“ Него Аллах го усмрти и го остави сто години, а потоа го оживи. Аллах рече: „Колку остана?“ Рече: „Останав еден ден,“ или „дел од еден ден.“ А Аллах рече: „Не, остана сто години. Погледни ја, тогаш, храната и напитокот. Се уште не се расипани, но погледни го магарето твое! Погледни ги коските како Ние ги поставуваме и како со месо ги обвивавме од тебе знаменије за луѓето да направиме.“ И бидејќи му стана јасно, рече: „Знам дека Аллах, навистина, е Кадар за се!“

260

Ел-Бекара

И кога Ибрахим рече: „Господаре, покажи ми како ги оживуваш мртвите!“ Аллах рече: „Зарем не веруваш?“ Рече: „Да, но тоа е за да се смири срцево мое!“ Рече: „Земи, тогаш, четири птици, припитоми ги. Секоја од нив стави ја на ритче поединствено, па потоа повикај ги. Ќе ти дојдат брзо. И знај дека, навистина, Аллах е Силен и Мудар!“

261

Ел-Бекара

Оние што го делат имотот свој на Аллаховиот пат се слични на зрно од кое никнат седум класја, а во секој клас по стотици зрна... Аллах кому сака, секако, удвојува. Аллах е Неизмерен и Зналец!

262

Ел-Бекара

Оние што делат од имотот свои на Аллаховиот пат без да проследат со приговор и зазбор - награда имаат кај Господарот свој. Оние нема да стравуваат и нема да тагуваат!

263

Ел-Бекара

Добриот збор и прошката вредат повеќе од садака која е проследена со приговор. Аллах е Богат и Благ!

264

Ел-Бекара

О верници, не обезвреднувајте ди садаките ваши со приговор и зазбор како оној што дели од имотот свој во очиглед на луѓето: кој не верува ни во Аллах ни во Денот ахиретски! Тој е сличен на карпесто ритче покриено со земја: па, штом голем дожд ќе го залее, тогаш, ќе се оголи карпата. Таквите ништо нема да постигнат од она што го спечалија. Аллах не го упатува народот невернички!

265

Ел-Бекара

А оние, пак, што делат од имотот свој, барајќи ги задоволствата Аллахови и закрепнувајќи ги душите свои, се слични на градина заседена на ритче: па, штом голем дожд ќе ја залее, тогаш, таа дава плод двојни; а ако, пак, нема дожд обилен, тогаш, градината станува само оросена. Аллах го гледа она што го работите!

266

Ел-Бекара

Би сакал ли некој од вас да има градина со урми и лозја меѓу кои реки течат, и каде што за него има секаков вид на плодови, па да го обземе старост, а потомството му е нејако, па да се збидне виор на градината со оган што ќе ја изгори? Ете, така Аллах ви ги објаснува знаменијата за да размислувате!

267

Ел-Бекара

О верници, делете од добрата што ги спечаливте и од оние што ви ги вадиме од земјата. И не одбирајте ги неубавите за да делите од нив, освен ненамерно. Знајте дека Аллах е Богат и за благодарност Достоен!

268

Ел-Бекара

Шејтанот ви подготвува сиромаштија и ви наредува срамно дело, а Аллах ви подготвува прошка и наклоност. Аллах е Неизмерен и Зналец!

269

Ел-Бекара

Он дава мудрост кому сака, а на оној кому што му е дадена мудрост, дадено му е, секако, добро неизмерно. На Него се сеќаваат само надарените со разбир!

270

Ел-Бекара

А за онаа садака што ќе ја дадете и за оној подарок за кој ќе се заветувате... Аллах, навистина, знае! А за зулумќарите нема поддржници!

271

Ел-Бекара

Ако јавно делите садака - та, тоа убаво е, но, ако тоа скришно го направите, давајќи им ја на сиромашните, тогаш, тоа е подобро за вас. Аллах ќе ги занемари пропустите ваши. И Аллах е Известен за она што го работите!

272

Ел-Бекара

Твое не да ги упатуваш, туку Аллах упатува кого сака. А во она што ќе го поделите - та, има добро за вас, и во она што ќе го поделите исцелно заради лицето Аллахово, и за она добро што ќе го поделите... надоместок ќе имате; нема да изгубите: