Џуз 4
Дел 1 од 7
Али Имран
Секоја храна им беше халал на синовите Израилови, освен онаа што ја забрани Израил за себе пред да му биде објавен Теврат. Кажи: „Па, донесете Теврат, кажувајте го ако сте искрени.“
Али Имран
А оние кои, потоа, фрлаа лага врз Аллах - та, зулумќари се!
Али Имран
Кажи: „Аллах зборува вистина. Следете ја, тогаш, чистата вера Ибрахимова. Тој не беше меѓу многубошците.“
Али Имран
Прва Куќа која беше подигната за луѓето е онаа во Мекка, навистина, благословена, Патоказ за световите:
Али Имран
во неа се знаменијата јасни, и местото Ибрахимово. И кој ќе влезе во неа е безбеден. Хаџџот на Куќата заради Аллах, е обврска за секој кој е во можност - за оној кој ќе се најде на пат. А оној кој не верува - та, Аллах е Независен од луѓето!
Али Имран
Кажи: „О Следбеници на Книгата, зошто не ги признавате знаменијата Аллахови, а Аллах е Сведок за она што го работите?“
Али Имран
Кажи: „О следбеници на Книгата, зошто го одвраќате оној што верува сакајќи да му го расипете Аллаховиот пат, а сведоци сте. А Аллах не е невнимателен кон она што го работите!“
Али Имран
О верници, ако и бидете послушни на една дружина од оние со дадената им Книга ќе ве вратат, по верувањето ваше, во неверување.
Али Имран
Па, како можете да не верувате кога веќе ви беа кажувани ајетите Аллахови и кога меѓу вас е пејгамберот Негов? А кој цврсто држи до Аллах веќе е упатен по патот вистински.
Али Имран
О верници, плашете се од Аллах со плашливост вистинска. И умрете само како Послушни!
Али Имран
И држете се цврсто - сите - за јажето Аллахово; не разединувајте се и сетете се за благодатите Аллахови кон вас: И сетете се кога бевте непријатели. Он, тогаш, ги обедини срцата ваши; потоа, со благослов Негов, станавте браќа. И кога бевте на границата од огнената бездна - ве избави од тоа! Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите Свои за да бидете упатени.
Али Имран
Нека една дружина од вас повикува кон добро: нека наредува добро, и нека забранува зло. Онаквите, токму, се спасени!
Али Имран
И не бидете како оние кои се разгранаа или разединија по јаснотиите кои им дојдоа; да, за нив има казна голема
Али Имран
на Денот кога некои лица ќе побелат и кога некои лица ќе поцрнат. Што се однесува до оние чии лица ќе поцрнат: „По верувањето ваше не верувавте; па, пробајте ја казната затоа што не верувавте!“
Али Имран
А што се однесува, пак, до лицата кои ќе побелат во милоста Аллахова ќе се најдат. Оние во неа за навек ќе останат.
Али Имран
Ете, тоа се ајетите Аллахови кои вистински ти ги кажуваме! А Аллах не посакува да направи зло на луѓето!
Али Имран
Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! Стварите кон него се враќаат!
Али Имран
Вие сте најдобрата заедница за луѓето која се појави: наредувате добро, одвраќате од зло; и верувате во Аллах. А кога Следбениците на Книгата би верувале - тоа би било подобро за нив. Меѓу нив има верници, но мнозинството од нив се расипани!
Али Имран
Оние никогаш не ќе ви нанесат зло; само ќе ве вознемируваат. А ако, пак, ви објават војна ќе се дадат во бегство, а потоа нема да им се помогне.
Али Имран
Каде било да се најдат понижување ќе ги снајде, ако не се под закрилата Аллахова и закрилата на луѓето. Аллаховата лутина ја предизвикуваат. И беда ќе ги снајде. Ете, тоа е заради: неверувањето нивно во знаменијата Аллахови, убивањето бесправно на пејгамберите, затоа што беа непослушни и затоа што претеруваа.