Џуз 5
Дел 1 од 7
Ен-Ниса
и мажените жени, освен оние за кои ќе стекнете сопственост преку заробеништво; тоа е правило Аллахово за вас! А останатите ви се дозволени доколку посакувате, од имотот ваш, венчани подароци да им подарите, а не само блуд да направите. А жените ваши, со кои уживавте, па дајте им ја, според пропишаното, наградата нивна. И, доколку се спогодите по обврската, не ви е грев да се задоволите. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!
Ен-Ниса
А оној меѓу вас кој не може, заради подарокот, да венча немажена жена, верничка, тогаш, нека се венча со верничка од оние девојки кои се преку заробеништво во ваша сопственост - а Аллах најдобро го знае вашиот иман - бидејќи вие сте едниодруги. Венчавајте ги, тогаш, со одобрување од нивните сопственици и дајте им ги подароците нивни учтиво како на честити жени кои не прават прељуба и кои не земаат пријатели скришно. А ако, пак, овие прават прељуба, како мажени, им припаѓа половина од казната предвидена за мажените жени. Ете, тоа е за оној од вас кој се плаши од прељуба. Но, за вас е подобро да се стрпите. Аллах е Простувач и Сомилосен!
Ен-Ниса
Аллах посакува да ви објасни и да ве упати по патиштата по кои одеа оние пред вас, и да ви прости. Аллах е Зналец и Мудар!
Ен-Ниса
Аллах посакува да ви прости, а оние кои се поведуваат по страстите, посакуваат да ве турнат низ стрмнина голема.
Ен-Ниса
Аллах посакува да ви олесни, а човекот е создаден слабичок.
Ен-Ниса
О верници, не трошете го еднисодруги имотот ваш на недозволен начин. Трговијата, ако еднисодруги се договорите, не ви е забранета. И еднисодруги не убивајте се. Аллах, навистина, кон вас е Сомилосен!
Ен-Ниса
А на оној што ќе го направи тоа насилно и неправедно Ние ќе го фрлиме во огнот. Ете, тоа за Аллах е многу лесно!
Ен-Ниса
Ако ги избегнувате големите гревови, кои ви се забранети, Ние ќе ви ги простиме малите гревови, и ќе ве воведеме низ благороден влез.
Ен-Ниса
И не тежнејте кон она со што Аллах ве одликува еднинадруги. На мажите им припаѓа дел од она што го спечалија, а и на жените им припаѓа дел од она што го спечалија. Барајте од Аллах за да ви даде дел од добрината Своја. Аллах, навистина, знае се!
Ен-Ниса
И Ние за секого оставивме наследници на она што ќе го остават родителите и ближните. А оние со кои склучи договор - дајте им го делот нивни. Аллах, навистина, е Сведок за се!
Ен-Ниса
Мажите се појаки од жените според она што Аллах ги одликува еднинадруги и според имотот свој кој го трошат. Па, добри жени се оние кои се побожни и кои се чувари, во скришноста, на она што треба да се чува, и во што Аллах ги чува. А за оние за кои се плашите дека нема да бидат послушни - посоветувајте ги, одвојте ги во постелата и удрете ги! А ако, пак, ви се послушни не барајте начин зло да им нанесите. Аллах, навистина, е Возвишен и Голем!
Ен-Ниса
А ако се плашите дека и двајцата ќе се разведат, тогаш, побарајте помирител од неговото семејство и помирител од нејзиното семејство: а ако двајцата посакуваат да се помират - та, Аллах ќе ги помири. Аллах, навистина, е Зналец и Известен!
Ен-Ниса
И обожавајте го Аллаха и ништо немојте да Му здружувате, и кон родителите, и кон ближните, и кон јетимите, и кон сиромашните, и кон соседите блиски и соседите далечни, и кон патниците, и кон оние кои со посредство на заробеништво ги поседувате - однесувајте се добро. Аллах, навистина, не ги љуби оние кои се надуени и горделиви!
Ен-Ниса
Оние кои се скржавци и кои им наредуваат на луѓето скржавост и кои го кријат она што им го даде Аллах од добрината Своја. А за неверниците Ние подготвивме казна срамна,
Ен-Ниса
и оние кои го делат имотот свој во очиглед на луѓето и кои не веруваат ни во Аллах ни во Денот ахиретски. Оној кој Шејтанот го има за другар, навистина, колку лош другар има!
Ен-Ниса
А што ќе им биде ако веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и ако делат од нафаката што Аллах им ја даде? Аллах за нив знае се!
Ен-Ниса
Аллах никому нема да направи неправда ни колку трошка. А ако направи добро Аллах ќе му го удвои и од Себе ќе му даде награда голема.
Ен-Ниса
Како, тогаш, кога ќе донесеме од секоја заедница по еден сведок, а тебе ќе те донесеме како сведок против нив!
Ен-Ниса
На Денот тој, оние кои не веруваа и кои не беа послушни на пејгамберот, повеќе би посакале да ги покрие земјата. Од Аллах не ќе можат да сокријат ниту еден збор.
Ен-Ниса
О верници, не пристапувајте во намаз во пијана состојба се додека не знаете што зборувате, ниту џунуби додека не се избањате, освен ако сте на пат. А ако сте болни и ако сте на пат, или некој изврши нужда или пак се состанете со жените, а не најдете вода, тогаш, земете тејеммум со чиста прашлива земја. Со неа, со испрашените раце, допрете ги лицата ваши и рацете ваши. Аллах, навистина, е Помилувач и Сомилосен!