Страна1 / 6
← Сите џузови

Џуз 6

Дел 1 од 6

148

Ен-Ниса

Аллах не сака да се зборува за зло на висок глас; може само оној кому му е нанесено зло. Аллах е Слушач и Зналец!

149

Ен-Ниса

Ако го обелоденувате доброто или ако го криете или ако простувате за некое лошо дело - та, Аллах, навистина, е Помилувач и Кадар!

150

Ен-Ниса

Оние кои, навистина, не веруваат во Аллах и во пејгамберите Негови, и кои сакаат да направат разлика во верувањето меѓу Аллах и пејгамберите Негови, и кои зборуваат: „Во нешто веруваме а во нешто не веруваме,“ - и кои сакаат меѓу тоа да прифатат некој пат -

151

Ен-Ниса

да, онаквите, се вистински неверници. А за неверниците Ние подготвивме казна срамна.

152

Ен-Ниса

А оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберите Негови, и кои не прават разлика меѓу нив, кој било од нив... Он ќе им ја даде наградата нивна. Аллах е Простувач и Сомилосен!

153

Ен-Ниса

Следбениците на Книгата од тебе бараат да им спуштиш Книга од небо. А оние веќе од Муса бараа и повеќе од тоа. Па, зборуваа: „Покажи ни го Аллаха, очигледно.“ И заради зулумот нивни молња ги шибна, и потоа прифатија теле. По јаснотиите кои веќе им дојдоа! И затоа Ние им простивме. И на Муса Ние јасен доказ му дадовме.

154

Ен-Ниса

И заради договорот нивни, над нив, Ние рид подигнавме, и им рековме: „Влезете низ вратата ничкум!“ И им рековме: „Не правете престап за Сабота,“ - и од нив Ние цврсто го прифативме Договорот.

155

Ен-Ниса

Сето тоа дојде заради нивното кршење на договорот нивни, и неверувањето нивно во ајетите Аллахови и убивањето на пејгамберите бесправно, и зборувањето нивно: „Срцата наши се замрачени.“ Но не! Аллах нив ги запечати со неверувањето нивно. Па, само малкумина веруваа,

156

Ен-Ниса

и заради неверувањето нивно, зборувањето нивно и клеветите големи за Мерјем,

157

Ен-Ниса

и заради изјавата нивна: „Да, ние, навистина, го убивме Христа,“ Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно,

158

Ен-Ниса

туку Аллах го дигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар!

159

Ен-Ниса

И никој од Следбениците на Книгата нема сигурно да не поверува во тоа пред смртта своја; на Денот суден ќе биде сведок против нив.

160

Ен-Ниса

И заради зулумот на оние Евреи и заради одвраќањето нивно од Аллаховиот пат на многумина... Ние им ги забранивме некои од добрата кои им беа дозволени;

161

Ен-Ниса

земаа и лихва а веќе им беше забранета; и бесправно го трошеа имотот на луѓето. А за неверниците од нив Ние подготвивме казна болна.

162

Ен-Ниса

Но, оние кои се нурнаа во знаење од нив, и верниците... веруваат во она што е објавено до тебе и во она што е објавено пред тебе... и оние кои извршуваат намаз, и кои даваат зекат, и кои веруваат во Аллах и во Денот суден. Ние ќе им дадеме награда голема!

163

Ен-Ниса

Ние, навистина, ти објавивме онака како што му објавивме на Нух и на пејгамберите по него. Му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците, и на Иса, и на Ејуб, и на Јунус, и на Харун; а на Сулејман и на Давуд Зебур им дадовме:

164

Ен-Ниса

имаше пејгамбери за кои Ние веќе ти кажувавме порано и пејгамбери за кои не ти кажувавме. А Аллах со Муса зборуваше, сигурно -

165

Ен-Ниса

пејгамбери, радосници и опоменувачи за да луѓето немаат по пејгамберите доказ пред Аллах. А Аллах е Силен и Мудар!

166

Ен-Ниса

Но, Аллах сведочи за она што ти е објавено; со Свое знаење го објави. А и мелеките сведочат. А Аллах е Доволен за Сведок.

167

Ен-Ниса

Оние, навистина, кои не веруваа и кои одвраќаа од Аллаховиот пат веќе талнаа по беспаќето далечно.