Страна1 / 8
← Сите џузови

Џуз 7

Дел 1 од 8

82

Ел-Маида

Сигурно е дека ќе најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат, Евреите и оние кои на Аллах здруженик му припишуваа, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат најблиски пријатели, оние кои зборуваа: „Ние сме христијани!“ Тоа, ете што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се дуваат!

83

Ел-Маида

И кога го слушаат она што е објавено до пејгамберот ги гледаш како нивните очи ронат солзи заради некои познавања нивни на Вистината. Зборуваат: „Господаре наш, ние веруваме и, тогаш, запиши не меѓу сведоците!

84

Ел-Маида

Зошто да не веруваме во Аллах и во Вистината која ни доаѓа бидејќи тежнееме, Господаре наш, да не вброиш меѓу добрите.“

85

Ел-Маида

Па, Аллах ќе ги награди за она што го зборуваа со бавчите џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е награда за доброчинителите!

86

Ел-Маида

А оние кои не веруваат и кои лага фрлаат врз ајетите Наши се - жители џехеннемски!

87

Ел-Маида

О верници, не забранувајте ги добрата кои Аллах ви ги дозволи и не претерувајте, Аллах, навистина, не ги љуби претерувачите!

88

Ел-Маида

И јадете од нафаката Аллахова кон вас, халал чиста храна, и плашете се од Аллах во кого вие, токму, верувате!

89

Ел-Маида

Аллах не ве казнува за вашите ненамерни заклетви, но ве казнува за вашите намерни заклетви. Откуп за ова е да се нахранат десет сиромаси со она со што вие нормално ги храните семејствата ваши, или да ги облечете или роб да ослободите. Ако некој нема, тогаш, нека пости три дена. Ова е откуп за заклетвите ваши кога ќе се заколнете. Па, тогаш, чувајте ги заклетвите ваши. Ете, така Аллах ви ги објаснува ајетите Свои за да бидете благодарни.

90

Ел-Маида

О верници, вино, хазардна игра, кумири и гатање на стрелички се лоша постапка шејтанова, навистина! Избегнувајте го, тогаш, Шејтанот за да бидете спасени!

91

Ел-Маида

Да, Шејтанот посакува да уфрли меѓу вас непријателство и омраза. И со виното и со хазардната игра сака да ве оддалечи од споменувањето на Аллах и од намазот. Па, нема ли да престанете!

92

Ел-Маида

И бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот; бидете претпазливи! А ако ги свртите плеќите знајте дека, навистина, пејгамберот Наш е задолжен само да извести јасно!

93

Ел-Маида

Оние кои веруваа и кои работеа добри дела немаат грев во она што го јадеа зашто и се плашеа, и веруваа, и добро работеа. А Аллах ги љуби доброчинителите!

94

Ел-Маида

О верници, Аллах ќе ве искуша, сосем сигурно и со дивеч кој е на дофат на рацете ваши и копјата ваши, за Аллах да испита кој се плаши од Него скришно. А кој ќе претера по тоа - та, болна казна ќе има!

95

Ел-Маида

О верници, не убивајте дивеч додека сте во ихрами. Оној од вас кој ќе убие намерно надоместокот за тоа е еднаков на убиеното: домашно животно за кое ќе посведочат двојца праведни од вас, и кое ќе се подари како Курбан на Каба, или откуп со нахранување сиромаси или со постење еднакво на тоа за да се искуси последицата на постапката таква. А Аллах прости за она што помина. А кој ќе се врати на тоа Аллах ќе ја затегне строгоста. Аллах е Силен и Строг!

96

Ел-Маида

Халал ви е ловот во море и неговата храна што е сопственост ваша, вам и на сиот караван. Но, харам ви е ловот на земја за сето време додека сте во ихрам. Плашете се од Аллах зашто кај Него ќе се зберете!

97

Ел-Маида

Аллах ја определи Каба за Света куќа, место каде што луѓето ќе стојат, и свет месец, и определи курбани со ѓердани украсени. Ете, тоа за да знаете дека Аллах, секако, го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. Аллах, навистина, знае се!

98

Ел-Маида

Знајте дека Аллах, секако, е Силен Казнувач и дека Аллах, е Простувач и Сомилосен!

99

Ел-Маида

Пејгамберот е задолжен само да извести. А Аллах го знае и она што го обелоденувате и она што го криете!

100

Ел-Маида

Кажи: „Злото и доброто не се еднакви. Ако те вчудоневидува повеќето зло - та, плашете се од Аллах, о вие со разбир надарени, за да бидете спасени!“

101

Ел-Маида

О верници, не поставувајте прашања за оние работи кои, ако ви се обелоденат, бидува полошо за вас. А ако поставувате прашања за нив, додека се објавува Кур'анот, ви се објаснуваат. Она од порано ви се прости. Аллах е Простувач и Благ!