Џуз 8
Дел 1 од 8
Ел-Ен'ам
И, навистина, Ние да им спуштевме мелеки, и да им зборуваа мртвите и да ги зберевме сите нешта за нив, за прилики нивни, не би верувале освен со посак Аллахов. Но, мнозинството од нив не знаат.
Ел-Ен'ам
И ете, така за секој пејгамбер Ние определивме непријател: шејтани, луѓе и џинови кои еднисодруги се воодушевуваат со лажно разубавување на зборови. А да сака Господарот твој оние тоа нема да го прават. Па, остави ги, нив и она што го измислуваат,
Ел-Ен'ам
и за срцата на оние кои не веруваат во Ахирет да тежнеат кон тоа, и да бидат задоволни со тоа, и да го постигнат она што, токму, го постигнуваат.
Ел-Ен'ам
Освен Аллах да барам ли судија? Он, токму, ви објави Книга потенко објаснета. Оние со дадената им Книга знаат дека таа, навистина, е објавена од Господарот твој со вистина. И никако немој да бидеш од сомневачите!
Ел-Ен'ам
А Зборот од Господарот твој е исполнет и со вистина и со правдина. И никој не може да ги промени зборовите Негови. Он е Слушач и Зналец!
Ел-Ен'ам
Ако му бидеш послушен на мнозинството од оние кои се на земјата - ќе те скршнат во заблуда од Аллаховиот пат: само сомневање следат и само безмислици зборуваат!
Ел-Ен'ам
Господарот твој, навистина, е Оној кој подобро го знае оној кој скршнал во заблуда од патот Негов. И Он најдобро ги знае упатените!
Ел-Ен'ам
Па, јадете од она при чие колење е споменато името Аллахово, ако, секако, верувате во ајетите Негови.
Ел-Ен'ам
А зошто да не јадете од она при чие колење е споменато името Аллахово? Он ви го објасни, секако, она што ви го забрани, освен, ако сте присилени. Многу луѓе, навистина, со желбите свои, без знаење, другите ги скршнаа во заблуда. Да, Господарот твој е Оној кој најдобро ги знае претерувачите.
Ел-Ен'ам
И оставете го грешењето, било да е јавно било да е скришно. Оние кои печалат грев ќе бидат казнети за она што го постигнаа.
Ел-Ен'ам
И не јадете од она при чие колење не е споменато името Аллахово. Тоа, навистина, е грев. А шејтаните, секако, ги тераат заштитниците свои да расправаат со вас. Ако им бидете послушни вие, навистина, ќе бидете многубошци.
Ел-Ен'ам
Може ли да биде сличен оној кој е мртов, па Ние го ожививме и му определивме светлина по која оди меѓу луѓето со оној кој е во темници и не може од нив да излезе? Ете, така им се разубавува на неверниците она што го работеа.
Ел-Ен'ам
И, ете, така Ние определивме во секој град да бидат големци силниците нивни за да сплеткарат во нив. Но, оние само за себеси сплеткарат а не усетуваат.
Ел-Ен'ам
И кога ќе им се објавеше ајет, зборуваа: „Не ќе веруваме се додека не ни се даде нешто слично на она што им е дадено на пејгамберите Аллахови!“ - А Аллах најдобро знае кому ќе му го определи пратението Негово. На оние кои грешат казна жестока и понижување Аллахово ќе им се случи. Се заради сплетките што ги правеа.
Ел-Ен'ам
Па, кого Аллах сака да упати ќе му ги отвори градите кон исламот. А Аллах кого сака да скршне во заблуда ќе му ги стесни градите - како да се впрегнуваат да се извишат на небо. Ете, така Аллах ја означува валканоста на оние кои не веруваат.
Ел-Ен'ам
И ова е патот на Господарот твој - вистинскиот! Ние, секако, потенко ги објаснивме ајетите за оние кои се сеќаваат!
Ел-Ен'ам
За нив, куќата на Спасот, е кај Господарот нивни. Он е Заштитник нивни за она што го работеа.
Ел-Ен'ам
И Денот во кој Он ќе ги збере сите: „О дружино џиновска! Вие измамивте голем број луѓе.“ А заштитниците од луѓето нивни ќе речат: „Господаре наш, ние посакувавме еднисодруги уживање и еве стигнавме до часот кој Ти ни го определи!“ Он ќе рече: „Огнот е - престојувалиштето ваше; таму ќе се остане за навек освен, секако, со посак Аллахов.“ Господарот твој, навистина, е Мудар и Зналец!
Ел-Ен'ам
И ете, така Ние власта им ја даваме неизменично на зулумќарите заради она што го спечалија.
Ел-Ен'ам
О дружино на џинови и луѓе, не ли ви доаѓаа пејгамбери, меѓу вас, кои ви ги кажуваа знаменијата и кои ве опоменуваа за Средбата со овој Ден ваш. Ќе речат: „Сведоци сме против самите нас.“ Ги измами животот на овој свет; сведочеа против самите себеси, дека, навистина, беа неверници.