Страна1 / 8
← Сите џузови

Џуз 9

Дел 1 од 8

88

Ел-Е'раф

Големците меѓу народот негов, кои се дуваа, рекоа: „О Шуајб, или ќе те истераме со оние кои веруваат од градов наш или пак, сигурно, ќе те вратиме во верата наша.“ Шуајб рече: „Зарем и покрај тоа што сме присилени на тоа!?

89

Ел-Е'раф

Така, врз Аллах ние би фрлале лага ако се вратиме во верата ваша по Аллаховото избавување од неа. Нам не ни доликува да се вратиме кон таа вера зашто Аллах, Господарот наш, не го сака тоа. Господарот наш, со знаењето, ги опфаќа сите нешта. Врз Аллах се потпираме. Господаре наш, меѓу нас и народот наш, пресуди ни праведно зашто Ти си, меѓу судиите, Најдобриот!“

90

Ел-Е'раф

Големците од народот негов, кои не веруваа, рекоа: „Ако го следите Шуајба, тогаш, навистина, ќе бидете меѓу поразените!“

91

Ел-Е'раф

И тогаш ги шибна земјотрес, па останаа во домовите свои, скаменети!

92

Ел-Е'раф

Оние кои го сметаа Шуајба за лашко - тоа не им вредеше ништо. Оние кои го сметаа Шуајба за лашко, токму, беа поразените.

93

Ел-Е'раф

И тој тогаш ги заврти плеќите и рече: „О народе мој, ви ги доставив пратенијата од Господарот мој и ве посоветував. Тогаш, зошто да се жалостам заради народот невернички!?“

94

Ел-Е'раф

И во ниеден град Ние не испративме пејгамбер а жителите негови да не ги казневме со несреќа и штета за да бидат потчинети.

95

Ел-Е'раф

Потоа Ние несреќата ја заменивме со добро, додека се размножија и рекоа: „И нашите предци ги снаоѓаше штета и несреќа.“ И, тогаш, Ние ги казнивме одненадеж без да усетат.

96

Ел-Е'раф

А жителите на градот да веруваа и да беа богобојазливи Ние ќе им отворевме бериќети и од небо и од земја, но лажеа, и за она што го спечалија, Ние ги казнивме.

97

Ел-Е'раф

Па, сигурни ли се жителите од градот дека нема да ги шибне несреќа од Нас додека се во домовите, спиејќи,

98

Ел-Е'раф

или, пак, сигурни ли се жителите на градот дека нема да ги шибне несреќа всреде ден, играјќи...

99

Ел-Е'раф

Па, сигурни ли се во казната Аллахова? Во казната Аллахова сигурни се луѓето поразени!

100

Ел-Е'раф

Не ли се упатени кон тоа оние кои ја наследуваат земјата, по оние кои живееја на неа - дека, доколку сакаме, Ние ќе ги погодиме со несреќа заради гревовите нивни и дека ќе ги запечатиме срцата нивни, па, оние не слушаат.

101

Ел-Е'раф

Ете, тоа се градови за чии случки Ние ти кажуваме. Ним им доаѓаа, секако, пејгамбери со јаснотии, но не веруваа во она што го сметаа за лажно од порано. Ете, така Аллах ги запечатува срцата на неверниците!

102

Ел-Е'раф

И кај мнозинството од нив Ние не најдовме ништо од Договорот, а, сосем сигурно, видовме дека мнозинството од нив се расипани.

103

Ел-Е'раф

И по нив, потоа, Ние го испративме Муса со знаменија Наши, до фараонот и големците кои беа со него... па, зулум направија. Тогаш, погледни каква беше казната за безредниците!

104

Ел-Е'раф

И Муса рече: „О фараоне, јас сум, навистина, пејгамбер од Господарот на световите!

105

Ел-Е'раф

Извесно е дека јас за Аллах зборувам само вистина. Ви дојдов со објаснување од Господарот ваш. Па, испрати ги со мене синовите Израилови!“

106

Ел-Е'раф

Рече: „Ако си дојден со знамение, тогаш, покажи го, ако си меѓу искрените!“

107

Ел-Е'раф

И тогаш го фрли Муса својот стап и ете, очигледно, змија!