Страна1 / 1
Ел-Фатиха
الفاتحة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
2
Благодарение на Аллах, Господарот на световите,
3
Милостивиот и Сомилосен,
4
Владарот на Денот суден!
5
Ние само Тебе Те обожаваме и ние само од Тебе помош бараме!
6
Упати не по патот вистински,
7
по патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодат, а не по патот на оние врз кои се разлеа омразата и кои во заблуда скршнаа!