Страна1 / 6
← Сите сури

Јунус

يونس

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, ра! Еве ајети од Книгата Мудра.

2

Чудно ли им е на луѓето тоа што му објавив на еден човек меѓу нив: Опоменувај ги луѓето, и зарадувај ги верниците дека, навистина, за нив ќе има награда красна кај Господарот нивни. Неверниците зборуваат: „Да, овој е вистински волшебник!“

3

Вашиот Господар, навистина, е Аллах кој ги создаде и небесата и Земјата за седум дена, а потоа се утврди на Аршот, управувајќи со се. Само со одобрението Негово има посредување. Ете, тоа е Аллах, Господарот ваш! Та, обожавајте Го! Нема ли да се сеќавате?

4

Прибежиштето на сите вас е - кон Него. Ветувањето на Аллах е - вистинското ветување. Он, навистина, го започнува творењето и Он потоа го возобновува за да ги награди праведно оние кои веруваат и кои добри дела работат, а за оние кои не веруваат има напивка од жешка вода и казна болна затоа што, токму, не веруваа.

5

Он го создаде Сонцето да блеска, а Месечината да свети и определи младици за да го знаете бројот на годините и сметањето. Аллах тоа само со вистина го создаде, изнесувајќи ги потенко знаменијата за луѓето кои знаат.

6

Во сменувањето на денот и ноќта, и во она што Аллах го создаде на небесата и на Земјата, секако, има знаменија за народот богобојазлив.

7

Да, оние кои не ја очекуваат средбата Наша, и кои се задоволни со животот на овој свет, и кои се со него спокојни, и кои ги занемаруваат знаменијата Наши...

8

престојувалиштето нивно е огнот, токму, заради она што го спечалија.

9

Оние кои веруваат и кои добри дела работат... Господарот нивни ќе ги упати со верувањето нивно. Под нив, во бавчите благословени, ќе течат реки.

10

Довата нивна таму е: „Биди славен Аллаху наш“, а поздравот нивни таму е: „Селам!“, а последната дова нивна: „Благодарение на Аллах, Господарот на световите!“

11

Аллах да брза да им даде зло на луѓето како што тие брзаат да им даде добро крајот нивни веќе ќе беше определен. На оние кои не ја очекуваат Средбата Наша Ние ќе ги оставиме да талкаат во неверието нивно.

12

И кога човекот ќе го снајде неволја Не повикува: лежејќи или седејќи или стоејќи. А, бидејќи ќе го отстраниме злото од него, продолжува како да не Не молел за неволјата што го погодила. Ете, така на расипниците им се разубавува она што го работеа.

13

И бидејќи поколенијата пред вас правеа зулум Ние ги уништивме. И им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии и заради тоа што, секако, не веруваа. Ете, така Ние го казнивме народот насилнички!

14

Потоа Ние определивме по нив да бидат халифи на земјата за да видиме како работите.

15

А кога им се кажуваат ајетите Наши, јасни, оние кои не ја очекуваат Средбата Наша, велат: „Донеси Кур'ан поинаков од овој или, пак, измени го.“ Кажи: „Мене не ми припаѓа да го менувам ова сам од себе; јас го следам само она што ми се објавува. Јас, навистина, се плашам! Ако сум непослушен кон Господарот мој... а казната на Денот голем!?“

16

Кажи: „Кога Аллах би сакал јас тоа не би ви го кажувал а ниту ќе се запознаевте со него. Пред објавувањето негово јас, секако, меѓу вас поминав години многу. Па, нема ли да се вразумите?“

17

Па, кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах или кој ги смета за лажни ајетите Негови!? Силниците, навистина, не успеваат!

18

Обожаваат други покрај Аллах кои не им наштетуваат и кои не им користат, и зборуваат: „Овие се наши посредници кај Аллах.“ Кажи: „На Аллах ли му велите дека не го знае она што е на небесата и на Земјата?“ Нека биде Славен и Возвишен, над она што Му го здружуваат!

19

Луѓето беа само една заедница па се разединија. И да не беше Зборот од Господарот твој, кој претходеше, ќе им беше пресудено за она за што, токму, станаа деленици.

20

И зборуваат: „Зошто не му е објавен еден ајет од Господарот негов?“ Па, кажи: „Тајната, навистина, е - Аллахова. Тогаш, причекајте. Да, јас сум со вас, меѓу очекувачите!“