Страна1 / 1
Ел-Адијат
العاديات
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Се колнам во тркачките коњи кои 'ржат,
2
па, со нозете свои по камењата искри искрат,
3
и кои во утринсите часови напаѓаат,
4
и кои, трчајќи, прашина дигаат,
5
и, така, во местото заеднички влегуваат!
6
Да, човекот е неблагодарен кон Господарот свој,
7
тој за тоа, навистина, е сведок,
8
и тој, навистина, е цврст во љубовта кон имотот, доброто.
9
Не знае ли дека кога ќе биде оживеано она што е во мезарите,
10
и кога ќе излезе она што е во градите,
11
- дека Господарот нивни, навистина, на Денот тој е Известен!