Страна1 / 7
← Сите сури

Худ

هود

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, ра! Еве Книга чии ајети се редат по ред, а потоа потенко објаснети од Мудриот и Известениот!

2

За ова: „Само Аллаха да Го обожавате. Јас сум за вас од Него, навистина, опоменувач и радосник.“

3

И уште: „Од Господарот ваш да барате прошка, потоа покајание да Му упатувате; ќе ве почести со уживање пријатно до едно време определено, и на секој доброчинител, од добротијата Своја, ќе му даде. А ако ги свртите плеќите... та, се плашам за вас зашто, навистина, ќе ве снајде казна на Денот голем.“

4

Враќањето ваше е - кон Аллах. Он е Кадар за се!

5

Ете, оние ги стеснуваат градите свои за да скријат од Него. Ете, оние се покриваат со облеката своја: Он го знае и она што го кријат и она што го обелоденуваат. Он, навистина, го знае она што е во градите!

6

На земјата нема ниедно животно на кое Аллах не му дава 'рск и Он да не го знае неговото престојувалиште и неговото наоѓалиште. Сето тоа е во Книгата јасна.

7

Он ги создаде небесата и Земјата за шест дена. И Аршот Негов беше над водата за да ве испроба кој од вас работи најдобри дела. А ако им речеш: „Вие ќе бидете проживеани по смртта“ - оние кои не веруваат, секако, ќе ти речат: „Ова е само волшебништво отворено!“

8

А кога би ја задоцниле казната за нив се до еден рок определен, сигурно ќе речат: „Што ја спречува?“ На Денот кога таа ќе им пристигне не ќе може да им се отстрани и ќе се овистини затоа што и се исмеваа.

9

А кога ние на човекот би му дале да вкуси милост од Нас и ако потоа Ние ја одземеме тој, тогаш, навистина, ќе се поплаче и ќе биде неблагодарен!

10

Да, кога би направиле да вкуси благодат по штетата што му се случи сигурно ќе речат: „Се отстранаа лошотиите од мене!“ Тој, навистина, е достоен и горделив!

11

Освен оние кои се трпеливи и кои работат добри дела. За нив има прошка и награда голема!

12

Па, можеби ќе оставиш од она што ти се објавува и од она што ги стеснува градите твои, зашто зборуваат: „Зошто не му е спуштен ковчег или зошто не дојде со него мелек?“ Ти си, навистина, опоменувач! Аллах е Закрилник на се!

13

Или, пак, ќе речат: „Тој го измисли.“ Кажи: „Па, донесете десет измислени суриња, слични на неговите. И повикајте кого можете - освен Аллах - ако сте искрени.“

14

А ако не ви се оѕвијат... та, знајте дека, навистина, се објавува само со знаењето Аллахово и дека нема друг бог освен Него. Тогаш, ќе бидете ли Послушни?

15

Оние кои го сакаат животот на овој свет и украсот негов Ние ќе им ги надополниме постапките нивни во него и оние, тука не ќе бидат, токму, прикратени:

16

оние за кои на Ахирет ќе има само казна. Таму ќе им пропадне она што го изградија и ќе им биде ништожно она што го работеа.

17

Еднаков ли е оној кој беше при јаснотијата од Господарот свој, што ја следеше сведокот од Него, а и од порано, Книгата на Муса, показот и милоста - кои веруваат во неа - на оној кој не верува во неа, меѓу дружините; за него огнот е престојувалиштето негово, и тогаш, не сомневај се во неа. Таа, секако, е вистина од Господарот твој, но мнозинството меѓу луѓето не веруваат.

18

И кој прави поголем зулум од оној кој фрла лага врз Аллах? Онаквите ќе бидат доведени пред својот Господар, а сведоците ќе речат: „Оние се кои лажеа за Господарот нивни.“ И проклетството Аллахово нека е врз зулумќарите!

19

Оние кои одвраќаат од Аллаховиот пат и кои го искривуваат... оние, токму, не веруваат во Ахирет!

20

Онаквите на земјата се немоќни и, освен Аллах, немаат друг заштитник. За нив казната ќе биде удвоена. Не се во состојба ни да слушаат ни да гледаат.