Страна1 / 6
← Сите сури

Јусуф

يوسف

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, ра! Еве, ајети од Книгата јасна,

2

Ние го објавивме, навистина, Кур'анот на арапски за да сфатите.

3

И Ние ти ги кажуваме најубавите кажувања, објавувајќи ти го овој Кур'ан, иако пред него беше меѓу невнимателните!

4

И кога Јусуф му рече на бабо му: „О бабо, во сон видов, навистина, единаесет ѕвезди, и Сонцето и Месечината како ми се поклонуваат!“

5

Бабо му рече: „О синко, не кажувај го сонот твој на браќата твои, зашто ќе ти направат некаква сплетка. Шејтанот, навистина, е отворен непријател за човекот.“

6

Ете, така Господарот твој ќе те одбере и ќе те поучи во толкувањето на настаните и ќе го надополни благодатот Свој врз тебе, и врз семејството на Јакуб онака како што го усоврши на твоите предци, пред тебе, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Зналец и Мудар!“

7

И при Јусуфа и при браќата негови има, секако, знаменија за прашувачите;

8

кога оние рекоа: „Да, Јусуф и брат му се помили кај бабо ни, а ние сме, навистина, дружина, и бабо ни, секако, е во заблуда јасна!

9

Убијте го Јусуфа или изгонете го во некоја земја. Лицето од бабо ви кон вас ќе биде управено и ќе бидете, по него, добар народ!“

10

И еден меѓу говорниците нивни рече: „Не убивајте го Јусуфа, туку фрлете го, ако веќе тоа го правите, во дното на бунарот, па ќе си го земе некој караван.“

11

Рекоа: „О бабо наш, зошто немаш доверба во нас за Јусуф? Ние него, навистина, само ќе го советуваме!

12

Испрати го утре со нас во прошетка да се поигра. Навистина, ќе го чуваме!“

13

Тој рече: „Да, загрижен сум да не го одведете и се плашам да не го изеде волк кога не ќе му обрнете внимание.“

14

Тие рекоа: „Па, како ќе го изеде волк: ние сме дружина голема, навистина! И така сигурно би биле поразени.“

15

И бидејќи го одведоа се согласија да го фрлат на дното од еден бунар. И тука Ние му објавивме: „Ти, навистина, ќе им донесеш, во врска со работата нивна, вести за ова. И тие не ќе препознаат.“

16

И дојдоа браќата на Јусуф кај бабо им ноќе, плачејќи,

17

и рекоа: „О бабо наш, ние бевме отишле да се наттрчуваме и го оставивме Јусуфа да ни ги чува стварите, па го изеде волк. Е, па, нема ли да ни поверуваш; искрени сме, навистина!“

18

И ја донесоа кошулата негова со лажна крв. Рече: „Не, во душите ваши најдовте нешто што ве радува. Е, само колку е убава трпеливоста! Од Аллах барам помош за она што го опишувате!“

19

И дојде караван еден. Го испратија водоносецот по вода. Овој ја спушти кофата. Рече: „Каква радост; еве дете!“ И го сокрија како стоката трговска. Аллах го знае она што го работат.

20

И го продадоа за евтина цена: само за износ од неколку дирхеми. И со тоа беа задоволни.