Страна1 / 3
← Сите сури

Ер-Ра'д

الرعد

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, ра! Ете Книга со ајети кои ти се објавуваат од Господарот твој, вистина; но, мнозинството на луѓето не веруваат!

2

Аллах е Оној кој ги подигна небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината. Се тече до рок определен. Он управува со наредбата и Он потенко ги објаснува ајетите за да се уверите во средбата со Господарот ваш.

3

И Он ја растегна земјата, и на неа постави и планини и реки. И Он од секој плод создаде пар. Он прави ноќта да го покрие денот. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои размислуваат!

4

И по земјата има предели кои се граничат, и бавчи со грозје, и ниви, и урми бујни и небујни. И впивајќи една иста вода. Во поглед на вкусот, Ние на едни им даваме предност над други. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои сфаќаат.

5

А како се чудиш? Па, чудни се, всушност, зборовите нивни: „Ќе бидеме ли одново создадени кога ќе станеме земја?“ Овие не веруваат во Господарот свој. На вратовите нивни ќе има синџири. Овие се жители на огнот и во него за навек ќе останат.

6

И оние од тебе бараат да им побрзаш со злото отколку со доброто. И пред нив имаше такви примери. Господарот твој, секако, е милосно наклонет кон луѓето во поглед на зулумот нивни. Господарот твој, навистина, е Силен Казнувач!

7

Оние кои не веруваат, велат: „Зошто не му се објавува знамение од Господарот негов?“ Ти си само опоменувач. Секој народ има упатувач!

8

Аллах го знае она што го носи секоја жена, и она што утробите го впиваат во себе и она што го зголемуваат. За секоја работа кај Него има мера,

9

Зналец на видливото и на невидливото. Преголем и Превишен!

10

Меѓу вас еднакви се кај Него оној кој тајно зборува и оној кој тоа го разгласува, оној кој се крие ноќе и оној кој оди дење;

11

за секој од вас, пред него или зад него, има деноноќни мелеки кои бдеат врз него, по наредбата Аллахова. Аллах, навистина, нема да ја измени ситуацијата на еден народ се додека тој народ не се измени самиот себеси. Ако Аллах сака да му нанесе зло на еден народ нема никој што може да му се спротистави. И за нив освен Аллах нема друг заштитник!

12

Он ви ја покажува молњата да се уплашите или, пак, да се надевате, и Он создава облаци тешки.

13

И татнежот Го велича со благодарноста своја, а и мелеките, плашејќи се од Него; и Он испраќа громови и со нив го погаѓа оној кого Он сака, а оние, токму, расправаат за Аллах! А Аллах е Силен и Итар!

14

Молбата вистинска е - Негова. Оние кои се молат на други, освен Нему, не ќе им се оѕвијат, за што било. Како оној е кој ќе ги подаде дланките свои кон водата за да ја дофати, а таа не стига до устата негова. Молбите на неверниците се залудни!

15

И на Аллах Му се поклонува се она што е на небесата и на Земјата, доброволно или присилно. И сенките нивни, исто така, претпладне или попладне.

16

Кажи: „Кој е Господар на небесата и на Земјата?“ Кажи: „Аллах!“ Кажи: „Па, ќе прифатете ли, освен Аллах, заштитници кои не можат за себеси да направат ни корист ни штета?“ Кажи: „Еднакви ли се оној кој гледа и оној кој не гледа? Или: Еднакви ли се темнината и светлината? Или: Му припишуваат ли на Аллах здруженици кои создаваат како што Он создава, па создавањето им се чини слично?“ Кажи: „Аллах е Творител на се. Он е Единствен и Силен!“

17

Оној кој спушта вода од небо, и пороите потечуваат по мера на нивната моќ, и поројот ги фрла по краиштата отпадоците. И она што го топат во оган, сакајќи да направат накит или предмет, исто така, има отпадоци кои се на нив слични. Ете, така Аллах ви донесува пример на вистина и невистина: отпадокот се фрла, а она што им користи на луѓето, останува на земјата. Ете, така Аллах ви ги изнесува примерите,

18

за оние кои ќе Му се оѕвијат на Господарот свој има награда, а за оние кои не ќе Му се оѕвијат - и кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку, - не ќе ја откупат за нив подготвената зла пресметка, и престојувалиштето нивно е - Џехеннемот. Е, само колку е лоша таа постела!

19

Е, па, зарем оној кој знае дека она што ти е објавено од страна на Господарот твој, навистина, е како оној кој е слеп? Се сеќаваат само даруваните со разбир!

20

Оние кои го одржуваат ветувањето кон Аллах и кои не го прекршуваат Договорот,