Ибрахим
إبراهيم
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Елиф, лам ра! Книга која Ние ти ја објавивме за да ги изведеш луѓето од темнини во светлина, со одобрението од Господарот нивни, кон Патот на Силниот и за благодарност Достојниот:
Аллах, чија сопственост е се она што е на небесата и на Земјата. Тешко на неверниците од казната жестока!
Оние кои повеќе го љубат животот на овој свет од животот на Ахирет, и кои одвраќаат од Аллаховиот пат, и кои настојуваат да го искриват... оние се скршнати во заблуда далечна!
И Ние испративме пејгамбер само на јазикот од народот негов за да им објасни. Па, Аллах скршнува во заблуда кого сака и Он упатува кого сака. Он е Силен и Мудар!
И Муса, секако, Ние го испративме со знаменијата Наши: „И изведи го народот свој од темнини во светлина. И опомени го со деновите Аллахови.“ Во тоа, навистина, има знаменија за секој кој е трпелив и благодарен!
И кога Муса му рече на народот свој: „Сетете се на благодатот Аллахов кон вас кога Он ве избави од луѓето фараонови, кои ви задаваа најлоша казна, кои ги колеа синовите ваши а ги оставаа во живот ќерките ваши. Ете, имавте белја голема од Господарот ваш!“
И кога Господарот твој возгласи: „Да, ако сте благодарни ќе ви зголемам, а ако не сте благодарни... казната Моја е жестока, навистина!“
И Муса зборуваше: „Ако не верувате, и вие и сите оние на земјата... та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!“
Не ви дојде ли кажувањето за оние пред вас, за народот на Нух, за Ад и за Семуд? И за оние по нив. Само Аллах ги знае! Им донесоа пејгамберите нивни јаснотии и оние, ставајќи ги рацете свои на устите, зборуваа: „Да, не веруваме во она со што сте испратени. И ние сме, навистина, во сомнение и во неизвесност во она кон што не повикувате!“
Пејгамберите нивни рекоа: „Ќе се сомневате ли во Аллах, Создателот на небесата и на Земјата? Он ве повикува за да ви ги прости гревовите ваши и да ви даде рок се до едно време определено .“ Зборуваа: „Вие сте само луѓе нам слични. Посакувате да не одвратите од она што го обожаваа предците наши... та, донесете ни доказ јасен!“
Пејгамберите нивни им зборуваа: „Ние сме, навистина, само луѓе вам слични. Но, Аллах дава предност кому сака од робовите Свои. И не е наше да ви донесеме доказ освен со одобрението Аллахово. Па, врз Аллах се потпираат верниците!
И не ни остана ли освен да се потпреме врз Аллах кога Он, секако, не упати по патиштата наши. Ќе бидеме трпеливи, сигурно, на маките што ќе ни ги задавате. И врз Аллах се потпираат оние кои, токму, се потпираат!“
И оние кои не веруваа им зборуваа на пејгамберите свои: „Ќе ве истераме, сигурно, од земјава наша. Или, пак, сигурно ќе се вратите во верата наша.“ Па, им објави Господарот нивни: „Ние сигурно ќе ги уништиме зулумќарите,
и вас ќе ве сместиме на земјата по нив. Ете, тоа е за оној кој се плаши од стоењето пред Мене и кој стравува од Мојата закана!“
И оние бараа да победат. И така секој силник тврдоглав пропадна!
Џехеннемот е зад плеќите нивни. И ќе се напојува од вода смрдлива,
која ќе настојува да ја голтне малку по малку, но не ќе може да ја пренесе низ грлото; и смртта ќе му дојде од секоја страна, но не ќе може да умре. И зад него има казна тешка.
Делата на оние кои не веруваат во Господарот свој се слични на пепел кој ќе го разнесе виорот во бурен ден. И ништо не ќе им вреди она што го спечалија. Ете, тоа е, токму, беспаќе далечно!
Не гледаш ли дека Аллах ги создаде небесата и Земјата со вистина? Ако посака ќе ве снема и ќе донесе ново создавање?
За Аллах тоа не е тешко.