Ел-Хиџр
الحجر
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Елиф, лам, ра! Ете, ајети на Книгата и Кур'ан јасен.
Оние кои не веруваат би посакале да бидат меѓу Послушните!
Остави ги! Нека јадат, и нека уживаат, и нека ги мами надежта... па, ќе узнаат!
И Ние не уништивме ниеден град а истиот да немаше Книга позната.
И ниеден народ не може ни да го забрза ни да го задоцни крајот свој.
И зборуваа: „О ти, со Опомената која ти дојде, ти си, навистина, луд!“
И зошто не ни дојде, ако си меѓу искрените, со мелек.
Ние спуштивме мелеки само со вистина; мелеките, тогаш, не би го очекувале рокот.
Ние, навистина, ја објавивме Опомената и Ние, навистина, ќе ја чуваме.
И пред тебе Ние испраќавме пејгамбери меѓу народите одамнешни.
И не им доаѓаше никој меѓу пејгамберите а да не го исмеваа.
Ете, така исмејувањето Ние го внесуваме во срцата на силниците!
И оние не веруваат во Кур'анот. И веќе помина праксата на претходните народи.
А Ние да им отворевме врата на небесата... па, да се искачеа преку неа,
и ќе речеа сигурно: „Тоа, секако, е заради тоа што нашите очи се восхитени и, токму, затоа што сме восхитени!“
И Ние, навистина, на небесата соѕвездија поставивме и ги разубавивме за гледачите,
и Ние ги сочувавме од секој шејтан проколнет,
освен од оној со скриеното прислушкување кого го следи, токму, ѕвездичка јасна.
И Земјата Ние ја раширивме и по неа брда расфрлавме, и од неа направивме да никне од се по нешто, со рамнотежа.
И на неа Ние определивме животни намирници за вас и за оние на кои вие не сте тие кои им давате 'рск.