Страна1 / 7
← Сите сури

Ен-Нахл

النحل

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Наредбата Аллахова ќе се оствари, сигурно, па не забрзувајте ја! Славен е и Возвишен од она што Му го здружуваат!

2

И Он со својата наредба спушта мелек со објава до оној кому сака меѓу робовите Свои: „Опоменувајте дека освен Него нема друг бог. Па, само од Мене стравувајте!“

3

И небесата и Земјата Он ги создаде со вистина. Он е над она што Му го здружуваат!

4

Он го создаде човекот од капка семе и тој, ете, е непријател отворен!

5

И добитокот Он за вас го создаде. Од нив имате топла облека и користи, и од нив и јадете.

6

И колкава е убавината за вас кога ги враќате од пасиште и кога ги носите на пасиште.

7

И го носи товарот ваш до градот до кој можете да дојдете само со тешкотија голема. Господарот ваш, навистина, е Сочувствителен и Сомилосен!

8

И коњи, и маски и магариња за да ги јавате и како украс; и го создава она што не го знаете!

9

Намерата да се оди кон патоказот е - Аллахова. А некои, пак, од него скршнуваат. И кога Он би сакал би ве упатил сите, сигурно!

10

Он од небо ви спушта вода; од неа напивка и со која се наводнуваат пасиштата каде го чувате да паси добитокот ваш.

11

И со водата расте за вас посев: маслинка, и урми и грозје и плодови секакви. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат!

12

И Он ви ги потчини и ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, а и ѕвездите ви се потчинети со наредбата Негова. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои сфаќаат!

13

Он ви го потчини и она што расте на земјата со различни бои. Во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои се сеќаваат!

14

И Он ви го потчини морето од него за да јадете свежо месо, и од него за да вадите украс кој го носите со облеката, и гледаш како чамецот го сече, и за да барате, секако, од добрината Негова и за да бидете благодарни!

15

И Он расфрла по земјата брда таа за да не ве потресува, и реки и патишта за да се упатувате,

16

и покази, исто така, Он ви создаде, и по ѕвездите оние, токму, се упатуваат.

17

Оној кој создава дали е како оној кој не создава? Па, нема ли да се присетите?

18

И ако ги броите благодатите Аллахови вие, секако, не можете да ги изброите. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

19

И Аллах го знае она што го криете и она што го обелоденувате.

20

Оние кои се повикуваат на друг бог освен Аллах не можат да создадат ништо и оние се, токму, создадените!