Страна1 / 6
← Сите сури

Ел-Кехф

الكهف

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Благодарение на Аллах кој на својот роб му објави Книга која не ја искриви,

2

туку: вистинска за да опомене со казна тешка од Него и да ги зарадува верниците кои работат добри дела дека за нив има, навистина, награда убава,

3

во која за навек ќе останат,

4

и да ги опомене оние кои тврдат дека Аллах си присвои дете.

5

Оние за тоа не знаат, а не знаат ни предците нивни. Е, само колку е крупен зборот што излегува од устите нивни! Тие само лаги зборуваат!

6

Па, жалејќи, зарем да пукнеш заради впечатоците нивни ако не веруваат во овој говор.

7

Се што е на земјата Ние, навистина, го создадовме да биде украс нејзин за да пробаме кој од нив ќе работи најубаво!

8

И Ние, секако, ќе ја направиме гола пустина!

9

Или сметаш ли дека жителите на пештерата и на Реким беа од знаменијата Наши најчудесни?

10

Кога младите момчиња се засолнија во пештерата, тогаш рекоа: „Господаре наш, дај ни од милоста Твоја и подготви не со добро однесување во работата наша!“

11

И Ние ги заспавме во пештерата години многу,

12

а потоа Ние ги пробудивме за да дознаеме која од двете странки подобро ќе го брои времето, во кое останаа.

13

И Ние вистински ти го кажуваме кажувањето за нив: тие беа млади кои, навистина, веруваа во Господарот свој и им го зголемивме Патоказот, навистина!

14

И Ние ги зајакнавме срцата нивни кога се разбудија, па рекоа: „Господарот наш е Господарот на небесата и на Земјата. Друг бог освен Него не повикуваме. Во спротивно, секако, невистина ќе зборуваме.

15

Еве, какви се луѓето наши! Прифатија други богови освен Него. Зошто, тогаш, за нив не донесоа доказ јасен? И кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах?

16

И штом се оддалечивте од нив и од она што го обожаваа освен Аллах: „Скријте се во пештерата. Господарот ваш ќе ве опсипа од милоста Своја, и ќе ви подготви од работата ваша корист некаква.“

17

И ти гледаш кога сонцето изгрева како се шири на десната страна од пештерата нивна, а кога заоѓа поминува на нивната лева страна, додека се тие во еден отворен простор во средината нејзина. Ете, тоа се од знаменијата Аллахови. Оној што Аллах ќе го упати... па, упатен е, а оној кого Он ќе го скршне во заблуда... па, за него не ќе најдеш ни заштитник ни показник.

18

И би поверувал дека се будни, а оние спијат. И ги вртиме било на левата било на десната страна, а кучето нивно беше ги пружило предните нозе кон отворот. И кога би ги видел во бегство ќе се дадеше и страв ќе те обземеше.

19

И ете, така Ние ги пробудивме за да се прашуваат еднисодруги. Говорник еден меѓу нив рече: „Колку останавте?“ Рекоа: „Останавме еден ден или дел од еден ден.“ Рекоа: „Господарот ваш најдобро знае колку останавте.“ Испратете, тогаш, еден од вас со овие сребренарии ваши, па градот нека види која е најчистата храна и нека ви донесе од 'рскот, нека се однесува учтиво и нека никого не извести за вас,

20

зашто, ако откријат за вас, навистина, ќе ве каменуваат или ќе ве вратат во верата нивна и тогаш, за навек, нема да успеете.“