Страна1 / 5
← Сите сури

Мерјем

مريم

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Каф, ха, ја, ајн, сад!

2

Спомен од милоста на Господарот твој за Зекерија, робот Негов:

3

кога го замоли Господарот негов со скришна молба.

4

Зекерија рече: „Господаре мој, коскиве мои, навистина, ослабнаа, а косава ми побеле. И никогаш не останав, Господаре мој, кога молба ти упатив, несреќен.

5

Јас, навистина, се плашам од наследниците по мене, а жена ми е неротка, па затоа подари ми од Тебе заштитник,

6

кој ќе ме наследи мене и семејството Јакубово, и одреди да бидеш, Господаре мој, задоволен со него!“

7

„О Зекерија, Ние, навистина, ќе те зарадуваме со дете чие име е Јахја. Со такво име порано Ние никого не именувавме!“

8

Рече: „Господаре мој, па како ќе имам дете кога жена ми е неротка, а јас паднав во старост длабока?“

9

- Рече: „Ете, така ти е.“ Пак рече: „Тоа за Господарот твој е лесно. Те создадов порано кога не беше ништо.“

10

Рече: „Господаре мој, дај ми знамение некакво!“ Рече: „Знамение ти е тоа што не ќе им зборуваш на луѓето три вечери, а ќе бидеш здрав!“

11

Па, се појави кај народот свој, од михраб и тогаш им објави: „Славете Го, тогаш, наутро и приквечерина!“

12

„О Јахја, прифати ја Книгата силно“ - и Ние му дадовме мудрост додека беше дете,

13

и нежност, исто така, од Нас, и чистота; беше богобојазлив,

14

учтив кон родителите свои, а не дрзок и непослушен.

15

И нека е селам на него, и на денот во кој е роден, и на денот во кој ќе умре, и на денот во кој ќе биде оживеан!

16

И спомени ја Мерјем во Книгата кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток.

17

И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме Нашиот Џибрил и и се претстави како човек, еднакво!

18

Рече: „Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.“

19

Тој рече: „Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.“

20

Таа рече: „И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?“