Страна1 / 15
← Сите сури

Ел-Бекара

البقرة

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, мим!

2

Еве Книга во која нема сомнение, Патоказ за богобојазливите:

3

за оние кои веруваат во Тајната, и кои се исправаат намаз да извршат, и кои од дадената им Наша нафака делат,

4

и кои веруваат во она што ти се објавува, и во она што пред тебе беше објавено, и во Ахирет и кои во сето тоа се уверени.

5

Онаквите, бидејќи одат по Патоказот од Господарот нивни, се спасени.

6

Сеедно е, навистина, на оние што не веруваат ќе ги опоменуваш или нема да ги опоменуваш: оние, сепак, нема да веруваат.

7

Аллах ги запечати и срцата нивни и ушите нивни, а пред опулот нивни е завеса, и за нив има казна голема.

8

Меѓу луѓето има и такви кои зборуваат: „И во Аллах и во Денот ахиретски веруваме,“ - а, тие, токму, не веруваат.

9

На Аллах и оние кои веруваат намераваат, секако, да ги измамат, но не усетуваат дека самите себеси се измамуваат.

10

Болештина има во срцата нивни: Аллах ја зголемува и, заради тоа што лажат, за нив има казна болна.

11

И кога ќе им се рече: „Не сејте безредие на земјава!“ Велат: „Не, ние само ред воспоставуваме, навистина!“

12

Но, не! Безредници се! А за тоа, сепак, не се свесни.

13

И кога, пак, ќе им се рече: „Верувајте како што другите веруваат“. Велат: „Да веруваме ли како што безумните веруваат?“ Но, не! Тие, токму, се безумните. Но, ете, тоа не го знаат.

14

И кога ќе се сретнат со оние кои веруваат, зборуваат: „Ние веруваме“, а кога, пак, ќе се најдат насамо со шејтаните свои, зборуваат: „Да, Ние сме со вас! Само се исмеваме, навистина!“

15

Аллах нив ги исмејува и ги пушта да талкаат во неверието нивно.

16

Онаквите Патоказот, всушност, го заменија со беспаќе: оваа трговија никаков ќар не им донесе, и оние не се како упатените!

17

Слични се на оние кои ќе запалат оган... и бидејќи ќе ја осветли околината нивна, и штом тоа ќе се збидне, Аллах ќе ја грабне светлината и ќе ги остави во темнина - ништо нема да гледаат.

18

И глуви се, и слепи се, и неми се: па, според тоа, не можат да се вратат до Патоказот,

19

или се како оние кои, додека е облакот небесен со темнеж, и со молњи, и со секавици, ги ставаат прстите свои в уши, заради громови, плашејќи се од смртта. А Аллах ги опфаќа неверниците!

20

Молњата штотуку не им го одзеде видот нивни; и секојпат кога секавица ќе севне, одат по светлината нејзина, а кога темнеж врз нив ќе падне, ќе застанат. А кога, пак, Аллах би сакал би им го зел и видот нивни и слухот нивни зашто Аллах, навистина, е Кадар за се!