Страна1 / 7
← Сите сури

Та-Ха

طه

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Та, ха!

2

И Ние Кур'анот не ти го објавивме да бидеш несреќен,

3

туку да биде Опомена за оној кој се плаши;

4

Објава е од Оној кој ги создаде Земјата и небесата високи,

5

и Милостивиот се утврди на Аршот.

6

И се што е на небесата и на Земјата и она што е меѓу нив, и она што е под изобилието е - Аллахово!

7

И ако го подигнеш гласот... та, Он, навистина, го знае и она што е тајно и она што е скришно.

8

Аллах! Нема друг бог освен Него! Најубавите имиња се Негови!

9

Па, ти дојде ли кажувањето за Муса?

10

Кога виде оган, му рече на семејството негово: „Застанете, јас, навистина, здогледав оган. Од огнот, можеби, ќе ви донесам жарче или, пак, покрај огнот ќе најдам Патоказ!“

11

И бидејќи му се приближи, беше повикан:

12

„Да, о Муса, јас сум Господарот твој. Собуј ги наланите твои, ти си, навистина, во светата долина Тува!

13

Јас те избрав и, тогаш, слушни го она што ти се објавува!

14

Јас сум, навистина, Аллах! Нема друг бог освен Мене. Па, обожавај Ме, и намаз извршувај за сеќавање на Мене!“

15

Ќе му дојде Часот на светот, навистина! Само што го кријам. За секој да биде награден за она за што се трудел.

16

Тогаш, нека не те одвраќа од него оној кој не верува во него и кој ја следи страста па да бидеш отфрлен!

17

И што е тоа, о Муса, во твојата десна рака?

18

Муса рече: „Тоа е мојот стап, врз што се потпирам и со што лисјата за овците ги тресам, и за некои други работи.“

19

Аллах рече: „Фрли го, о Муса!“

20

И Муса го фрли и, ете, змија што лази!