Ел-Енбија
الأنبياء
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
За луѓето се приближува пресметката нивна, а тие се безгрижни и рамнодушни кон неа.
Опомената од Господарот нивни не им дојде а да не ја сослушаат и со неа да не се изигруваат.
Срцата нивни се расфрлани; тајно си шепотат и си се доверуваат оние кои зулум направија: „Нели ова е човек вам сличен? Ќе се поведувате ли за волшебништвото а гледате дека тоа е така.“
Рече: „Господарот мој го знае говорот и на небо и на Земја. Он е Слушач и Зналец!“
Но, не! Само велат: „Тоа се само сништа нејасни; тоа е само лага. Тој е поет, па ни дојде со знамение како што беа дошле одамнешните.“
Градот пред нив што Ние го уништивме не веруваше. Па, ќе веруваат ли тие?
И пред тебе Ние испраќавме луѓе на кои им објавивме. Па, прашај ги Следбениците на Опомената ако вие, навистина, не знаете.
И Ние не ги направивме тела, кои не јадат храна и кои би биле вечни.
Потоа се овистини ветувањето; тогаш Ние ги избегнавме оние кои сакавме, а расипаните ги уништивме.
Ние, секако, ти објавивме Книга во која има опомена за вас. Нема ли да се вразумите?
И колку градови Ние ги снемавме кои беа зулумќари и по нив создадовме други луѓе.
И бидејќи ја усетија строгоста Наша веднаш од градот избегаа.
Не бегајте, вратете се онаму каде што живеевте удобен живот, и во огништата ваши, бидејќи ќе бидете одговорни.
Рекоа: „Тешко нам! Ние, навистина, бевме зулумќари.“
И тоа нивно довикување не престануваше се додека Ние не ги направивме жито пожнеано.
И Ние не ги создадовме небесата и Земјата и она што е меѓу нив за да си играме.
Кога би посакале да се забавуваме со тоа Ние не би зеле ништо од Нас, но тоа Ние не го правиме.
Но, не! Туку Ние невистината ја потискуваме со вистината и, така, невистината е спречена и исчезнува. Тешко вам за она што му го припишувате на Аллах!
И се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А оние кои се во близината Негова не престануваат во ибадетот кон Него и не се заморат.
И деноноќно Го величат; лаги не измислуваат.