Ел-Хаџ
الحج
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
О луѓе, плашете се од Господарот ваш! Потресот при Часот, навистина, е нешто големо!
Ден во кој ќе видите како секоја доилка го заборава она што го доела, а секоја трудница како ќе го пометне плодот нејзин; ќе ги видиш луѓето пијани а, всушност, не се пијани. Но, казната Аллахова е жестока!
И има луѓе кои расправаат за Аллах безнајно и го следат секој шејтан проколнат;
да, за него е пропишано оној кој ќе го земе за заштитник да го скршне во заблуда и да го управи кон казната огнена.
О луѓе, ако сте при сомнение во проживувањето, па Ние, ве создадовме од земја, потоа од капка семе, потоа од засирена крв, потоа од парче месо, целосно и нецелосно за да ви објасниме; и во утробите утврдуваме со посак Наш до рок определен; потоа ве вадиме како малечко за да станете потоа мажевствени. Некои меѓу вас умираат а некои, пак, во длабока старост паѓаат, така што она што некогаш го знаеја сега не го знаат. Земјата ја гледаш замрена, па кога ќе спуштиме на неа вода... ете, таа ќе заживее, ќе забуја и ќе за'рти растение од секој вид убав.
Ете, тоа го рековме за да знаете дека Аллах, секако, е Вистина и дека Он, навистина, ги оживува мртвите и дека Он е Кадар за се!
Да, Часот доаѓа; во него нема сомнение. Аллах, навистина, ќе ги оживи оние во мезарите!
И има луѓе кои расправаат за Аллах безнајно, без патоказ и без Книга светла:
одат горделиво за да скршнат во заблуда од Аллаховиот пат. На овој свет ќе бидат понижени, а на идниот свет Ние ќе одредиме да ја вкусат казната огнена,
и тоа заради она што го направија од порано рацете твои. Аллах, навистина, не е неправеден кон робовите!
И има луѓе кои го обожаваат Аллаха, сомневајќи се; па, ако им се случи добро, се смируваат со тоа, а ако им се случи, пак, искушение некакво, се оддалечуваат: ќе го изгубат и овој свет и Ахирет. Ете, тоа, токму, е пораз очигледен!
Ги повикуваат покрај Аллах оние кои не можат ни да им наштетат ни да им користат. Тоа, токму, е скршнување во заблуда далечна!
Го повикува оној чија штета е поблиску до користа негова. Е, само колку лош заштитник е тој! Е, само колку лош поддржник е тој!
Оние кои веруваат и кои работат добри дела... Ние, навистина, ќе ги воведеме во бавчите џеннетски низ кои реки течат. Аллах, навистина, работи што посакува!
Оној кој мисли дека Аллах нема да му помогне и на овој свет и на Ахирет нека растегне јаже до небо, потоа нека го искине, и нека размисли дали искинатината ќе го отстрани она за што тој, токму, негодува.
И ете, така Ние му ги објавивме ајетите јасни и Аллах, навистина, упатува кого сака.
Аллах, навистина, ќе ги издвои на Денот суден оние кои веруваа од оние кои беа Евреи, Сабејци, христијани и меџусии и оние кои беа многубошци!
Не знаеш ли дека на Аллах, секако, на сеџде му паѓа се она што е на небесата и на Земјата, и Сонцето и Месечината, и ѕвездите и планините, и стеблата и животните и, исто така, многу меѓу луѓето? А многу има кои ја заслужуваат казната. А оној кого Аллах ќе го понижи нема никој што ќе го удостои. Аллах, навистина, работи што сака!
И ете, два противника кои расправаат за Господарот свој. За оние кои не веруваат ќе им биде сошиена облека од оган, а над главите нивни ќе им се сипа зовриена вода:
од неа ќе се стопи она што е во стомаците нивни, и кожите, исто така;