Страна1 / 6
← Сите сури

Ел-Му'минун

المؤمنون

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Успеаја, секако, верниците:

2

кои се во намазите нивни покајнички,

3

и кои се рамнодушни кон безработицата,

4

и кои зекат спроведуваат,

5

и кои ги чуваат срамните места свои,

6

освен со жените свои или со оние кои се во сопственост нивна... па, тие, навистина, се надвор од прекорот,

7

додека оние кои посакуваат преку тоа, токму, претеруваат;

8

и кои, исто така, се грижат за аманетите свои и за договорот свој,

9

и оние кои внимаваат врз намазите свои:

10

овие, токму, се наследниците,

11

кои го наследуваат Џеннетот и во него за навек ќе останат.

12

Ние човекот, навистина, го создадовме од глина одбрана,

13

потоа како капка семе го ставивме на место сигурно.

14

Потоа капката семе Ние ја создадовме засирена крв; од засирената крв создадовме парче месо; од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме; потоа создадовме сосем друго суштество. Па, нека е вишен Аллах. Меѓу создателите Он е Најубавиот!

15

Потоа вие, секако, ќе умрете!

16

Потоа на Денот суден ќе бидете оживеани, сигурно!

17

Над вас веќе Ние создадовме седум небеса и постојано врз суштеството бдееме.

18

И од небото Ние спуштаме вода со мера, па ја задржуваме во земјата и, секако, кадри сме да ја отстраниме.

19

Па, со помош нејзина Ние ви вадиме бавчи со урми и грозје; во нив имате овошје многу и од него јадете.

20

И стебло кое расте на брдото Синај кое дава зејтин и зачин... и од него јадете.