Страна1 / 4
← Сите сури

Ен-Нур

النور

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Сура што Ние ја објавуваме и обврзувачка што ја одредуваме, и во која ајети јасни објавуваме за да се сеќавате!

2

На блудницата и блудникот, одделно, удрете им по сто корбачи. Во верата Аллахова, доколку верувате и во Аллах и во Денот суден, нека не ве обзеде при казната никакво сожалување. А при казната врз нив нека биде присутна една дружина верници!

3

Блудникот нека венча само блудница или многубошка, а блудницата нека ја венча само блудникот или многубожецот! Ете, тоа за верниците, секако, е забрането!

4

А оние кои ќе фрлаат лага врз чесните жени, а за тоа нема да донесат четири сведоци, удрете им осумдесет корбачи и сведочењето нивно никогаш повеќе не примајте го. Тие се, токму, расипани!

5

Освен оние кои ќе се покајат по тоа и кои ќе се поправат. Та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6

А на оние кои ќе фрлаат лага врз жените свои, кои немаат сведоци освен самите тие, сведочењето на еден од нив е да се заколне четирипати во Аллах дека тој, навистина, е меѓу искрените!

7

А петтиот пат нека се заколне со тоа дека проклетството Аллахово нека биде врз него, ако е меѓу лашковците!

8

Казната од неа ќе биде отстранета ако таа се заколне четирипати во Аллах дека тој, навистина, е меѓу лашковците!

9

А петтиот пат нека се заколне со тоа дека лутината Аллахова да падне врз неа, ако тој е меѓу искрените!

10

Е, кога не би била добрината Аллахова кон вас и милоста Негова...! И Аллах е Простувач и Мудар!

11

За оние здруженици меѓу вас, кои дојдоа со клевета, не мислете ли дека ви донесоа зло? Но, не! Тоа, токму, е добро за вас! Секому од нив му припаѓа дел за гревот што си го спечалил. А на оној меѓу нив кој, меѓутоа, ќе претера во делот свој, најмногу, му припаѓа казна голема!

12

Па зошто кога тоа го чувте, верниците и верничките помислија за себеси добро, и не рекоа: „Ова е клевета јасна!“

13

Зошто не донесоа за тоа четири сведоци? И бидејќи не донесоа сведоци тие се кај Аллах, токму, лашковци.

14

А кога не би била добрината Аллахова кон вас и милоста Негова и на овој свет и на Ахирет би ве снашла, во она што западнавте, казна голема.

15

Кога тоа го пренесувавте со јазиците ваши и кога го кажувавте со устите ваши она за што, всушност, ништо не знаевте, сметајќи го тоа незначително, а тоа кај Аллах не е незначително,

16

кога тоа го чувте, зошто не рековте: „Што да зборуваме за ова? Возвишен си Ти! Ова е клевета голема!“

17

Аллах ве советува, ако сте верници, никогаш да не повторите такво нешто.

18

И Аллах ви ги објаснува ајетите. Аллах е Зналец и Мудар!

19

Оние кои посакуваат да се прошири срамното дело меѓу оние кои веруваат им припаѓа, навистина, казна болна и на овој свет и на Ахирет. Аллах знае, а вие не знаете.

20

А кога не би била добрината Аллахова кон вас и милоста Негова... Аллах, навистина, е Чувствителен и Сомилосен!