Страна1 / 4
← Сите сури

Ел-Фуркан

الفرقان

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Нека е возвишен Оној кој го објави Разделувачот на вистината од невистината до робот Свој за да биде Опомена за световите!

2

Оној чија власт на небесата и на Земјата е - Негова, Кој не си присвои дете, Кој во власта не зема здруженик, и Кој ја создаде секоја ствар, па ја определи со мера определена!

3

И тие покрај Аллах прифатија други божества кои не создаваат ништо, а тие, токму, се создадени; за себеси немаат моќ ни да си користат ни да си наштетат, ниту да усмртат ниту да оживеат, или, пак, по смртта да оживеат.

4

А неверниците зборуваа: „Ова е само клевета кој тој ја измислува и во што, секако, му помагаат други луѓе.“ Да, тие носат лага и измама!

5

Зборуваат: „Овие се прикаски на одамнешните кои ги пропиша и му се кажуваат наутро и навечер.“

6

Кажи: „Кур'анот го објави Оној кој ја знае тајната на небесата и на Земјата.“ Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!

7

И зборуваат: „Што му е на овој пејгамбер? Јаде храна и шета по чаршиите? Зошто не му е испратен мелек па да биде со него опоменувач?

8

Или да му се спушти ризница или, пак, да има бавча од која ќе јаде?“ Зулумќарите зборуваат уште и: „Вие следете само опседнат човек!“

9

Погледни какви примери за тебе донесуваат! Ете, така тргнаа во заблуда и не можат да се вратат по патот вистински!

10

Нека биде вишен Оној кој, доколку посака, ќе ти даде подобро од тоа: бавчи низ кои реки течат; ќе ти даде, исто така и дворови.

11

Но, не! Го сметаа за лажен Часот! А за оној кој го смета Часот за лажен Ние подготвивме казна огнена.

12

Кога ќе им се укаже од место далечно, слушаат беснило и вриење.

13

А кога ќе бидат фрлени во теснец со врзани раце, ќе се молат за пропаст.

14

„Не молете се денес за една пропаст, туку молете се за многу пропасти!“

15

Кажи: „Тоа е подобро или пак е подобар Џеннетот на вечноста, ветен за богобојазливите?“ Ете, тоа е, токму, наградата и свратилиштето нивно.

16

Во него за нив има се што ќе посакаат, за навек! Одговорноста за тоа ветување е во надлежност на Господарот твој.

17

А на Денот кога Он ќе ги збере, и она што го обожаваа, освен Аллах, и кога Он ќе рече: „Вие ли во заблуда ги скршнувавте робовите Мои или, пак, тие во заблуда си скршнаа од патот вистински?“

18

Ќе речат: „Славен биди Ти! Да, не ни требаше да земаме други заштитници освен Тебе, но Ти, ним и на бабовците нивни, им даде да уживаат се додека не заборавија да се сеќаваат на Тебе.“ Беше народ кој, секако, пропадна!

19

Да, тие го сметаат за лажно она што го зборувате. Не ќе можете да ја отстраните маката нивна а ниту, пак, да им помогнете. А на оној од вас кој ќе направи зулум ... Ние ќе му дадеме да вкуси казна голема.

20

Ние не испративме пејгамбери пред тебе кои не јадеа храна и кои не шетаа по чаршиите. Еднисодруги во искушение Ние ве доведуваме. Е па, ќе се стрпете ли! Господарот твој гледа!