Еш-Шу'ара
الشعراء
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Та, син, мим!
Еве ајети од Книгата јасна!
Ќе ја жалостиш ли душата твоја затоа што тие не веруваат?
Кога би сакале би им испратиле знамение, па вратовите нивни ќе останат наведнати.
И ниедна нова опомена ним не им дојде од Милостивиот, а да не беа кон неа рамнодушни!
Да, лажеа, навистина! И сигурно е дека ќе им дојдат вести за она за што се исмеваа.
Не гледаат ли на земјата? Па, колку видови растенија благородни Ние одредуваме да 'ртат?
Во тоа, секако, има знамение. А мнозинството од нив, навистина, не се верници.
Да, Господарот твој е токму Оној кој е Моќен и Сомилосен!
И кога Господарот твој го повика Муса: „Обрати му се на народот зулумќарски!“
Народот на фараонот, можеби, ќе биде богобојазлив.
Муса рече: „Господаре мој, јас, навистина, се плашам да не ме сметаат за лашко,
да не ми се стеснат градите и да не ми се закочи јазикот - испрати го Харуна,
јас кон нив згрешив па се плашам да не ме убијат.“
Аллах рече: „Никогаш! Одете двајцата со знаменијата Наши. Да, Ние ќе бидеме со вас и ќе ве слушаме!“
Одете до фараонот, па речете му: „Ние сме, навистина, пејгамбери од Господарот на световите,
испрати ги со нас синовите Израилови!“
Фараонот рече: „Нели те воспитувавме меѓу нас додека беше дете, и нели остана меѓу нас доста години од животот твој?
И го направи она што го направи; и ти си меѓу неверниците.“
Муса рече: „Тоа го направив тогаш кога бев еден меѓу оние кои скршнаа во заблуда!