Страна1 / 5
← Сите сури

Ен-Немл

النمل

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Та, син! Еве ајети на Кур'анот и Книгата јасна,

2

Патоказ и Радосница за верниците,

3

кои намаз извршуваат и кои зекат даваат и кои се убедени во Ахирет.

4

На оние кои не веруваат во Ахирет Ние им ги разубавуваме постапките нивни, па талкаат;

5

оние на кои ќе им припадне казната болна и на Ахирет ќе бидат поразени.

6

Ти, навистина, го примаш Кур'анот од Мудриот и Зналецот!

7

Кога Муса му рече на семејството свое: „Почувствував оган; ќе ви донесам од него вест или, пак, ќе ви донесам зажарено дрво за да се стоплите.“

8

И кога се приближи до огнот, повика: „Благословен нека е Оној кој е во огнот и оние околу него; славен нека е Аллах, Господарот на световите!

9

О Муса, јас сум, навистина, Аллах, Силен и Мудар!

10

И фрли го стапот твој!“ И бидејќи го погледна, тој почна да лази како змија, се сврти со плеќите и не се врати повеќе. „О Муса, не плаши се! Пејгамберите од Мене, навистина, не се плашат,

11

освен Оној кој зулум ќе направи, а потоа злото ќе го замени со добро дело: Јас сум, навистина, Простувач и Сомилосен!

12

Стави ја раката твоја во џебот твој и ете - ќе ја извадиш бела, без да биде оштетена. Тоа е едно од деветте знаменија на фараонот и народот негов. Тие се, навистина, народ расипнички!“

13

И бидејќи им дојдоа знаменијата Наши очигледно, рекоа: „Ова е волшебништво јасно!“

14

Ги пренебрегнуваа, а во себе ги признаваа, дувајќи се и силејќи се. Па, погледни каква беше казната за безредниците!

15

И на Муса и на Сулејман Ние, навистина, им дадовме знаење, и двајцата рекоа: „Благодарение на Аллах кој не одликува над многуте робови верници Свои!

16

И Давуда го наследи Сулејман, и рече: „О луѓе, поучени сме во јазикот на птиците, и дадено ни е од се по нешто. Ова, навистина, е благодат јасен!“

17

И се собра кај Сулејман восјката негова: составена од џинови, луѓе и птици. Сите поредени.

18

И кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: „О мравки, влезете во живеалиштата ваши бидејќи ќе ве прегазат Сулејман и војската негова, незнаејќи!“

19

Па се насмевна со зборовите негови, гласно, велејќи: „Господаре мој, пробуди ја желбата моја за да бидам благодарен на благодатот Твој со кој ме благослови, мене и родителите мои, и да работам добри дела со кои ќе бидеш Ти задоволен. И со милоста Твоја воведи ме меѓу робовите Твои добри.

20

И тој отиде да изврши смотра врз птиците, и рече: „Што е со пупавецот? Не го гледам или е, пак, меѓу изгубените.