Страна1 / 5
← Сите сури

Ел-Касас

القصص

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Та, син, мим!

2

Еве ајети од Книгата јасна.

3

Ти кажуваме вистина од кажувањата за Муса и фараонот, за луѓето кои веруваат.

4

Фараонот, навистина, се воздигнуваше по земјата и жителите нејзини во дружини ги разединуваше, ослабнувајќи ги еднисодруги, колејќи ги синовите нивни и оставајќи ги во живот ќерките нивни. Тој, навистина, беше меѓу безредниците!

5

И Ние посакуваме да ги даруваме оние кои се угнетени на земјата; ги поставуваме за водачи и ги поставуваме за наследници,

6

и ги зацврстуваме на земјата и правиме фараонот, Хаман и војските нивни да го здогледаат она од што тие, токму, стравуваат.

7

И и вдахнавме на мајката на Муса: „Дој го! Па, кога ќе ти падне страв, фрли го во река, не стравувај и не тагувај! Ние, навистина, ќе ти го вратиме и ќе го одредиме за еден од пејгамберите!“

8

И тогаш семејството на фараонот го зеде за да биде пријател нивни и грижа нивна. Фараонот и Хаман и војската нивна, навистина, беа грешници!

9

И жената на фараонот рече: „Радост за моето око и за твоето око! Не убивај го. Можеби ќе ни биде од корист или, пак, да си го посиниме.“ И ништо, токму, не усетуваа!

10

И срцето на мајката на Муса веднаш стана празно; таа само што тоа не го развидели. И Ние да не го зајакневме срцето нејзино таа, секако, ќе беше меѓу неверничките.

11

И таа и рече на сестрата негова: „Следи го!“ И ете, така таа го здогледа од далечина. И ништо оние не усетуваа!

12

И од порано Ние му забранивме доилки. Таа, тогаш, рече: „Да ви ги покажам ли домаќините кои ќе се грижат за него, и кои ќе го советуваат?“

13

Па, го вративте кај мајка му за да се зарадува окото нејзино, да не тагува и да знае дека ветувањето Аллахово, навистина, е вистина, но, ете, мнозинството од нив не знаат!

14

И бидејќи сјакна и стаса, Ние му дадовме и мудрост и знаење. И ете, така ги наградуваме доброчинителите!

15

И влезе во градот во време кога жителите негови не го запазија. Па, наиде на два човека кои се тепаа. Едниот беше од неговата пријателска а другиот од неговата непријателска дружина. И го повика во помош оној од дружината негова против оној од дружнината непријателска. И Муса го удри со рака и го усмрти, и рече: „Ова е дело шејтанско. Шејтанот, навистина, е непријател и скршнувач во заблуда отворена!“

16

Муса рече: „Господаре мој, направив зулум, навистина, за себеси... па, прости ми!“ И Он му прости. Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!

17

И рече: „Господаре мој, бидејќи ме опсипа со благодати, никогаш нема да бидам зад силниците!“

18

И тој, тогаш, се најде во градот, плашејќи се и очекувајќи нешто; и ете го оној кој вчерадента бараше помош од него, довикувајќи го. Муса му рече: „Ти си, навистина, во заблуда јасна!“

19

И бидејќи посака да го зграби оној што им беше и на двајцата непријател, рече: „О Муса, посакуваш ли да ме убиеш како оној што го уби вчера? Посакуваш, знам, да бидеш силник на земјава а не посакуваш да бидеш меѓу оние кои ред поставуваат.“

20

И пристигна еден човек од преградието, брзајќи и рече: „О Муса, главешините, навистина, се договараат да те убијат. Ти советувам, тогаш, да се иселиш.“