Ел-Анкебут
العنكبوت
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Елиф, лам, мим!
Мислат ли луѓето дека ќе бидат оставени да речат „Веруваме“, а да не се стават во искушение.
Ние веќе и оние пред нив ги ставивме во искушение. Аллах сигурно добро ги познава оние кои вистина зборуваат и оние кои лажат,
или мислеа ли оние кои работеа злодела дека ќе Ни се оддалечат? Е, само колку е лошо она што го просудуваат!
Оној кој се надева на средбата со Аллах... та, часот на Аллах ќе дојде. Он е Слушач и Зналец!
А оној кој се бори... та, се бори за себеси. Аллах, навистина, е Независен од световите!
А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние сигурно ќе им ги отстраниме злоделата нивни и ќе ги наградиме со најдобра награда за она што го работеа.
И Ние го задолживме човекот да се однесува убаво кон родителите свои. А ако се трудат да Ми припишуваат здруженик, а немаш никакво знаење за тоа, тогаш, немој да ги слушаш. Кон Мене води враќањето ваше па јас ќе ве известам за она што го работевте.
А оние кои веруваат и кои работат добри дела Ние ќе ги воведеме меѓу добрите.
Меѓу луѓето има и такви кои зборуваат: - „Веруваме во Аллах“ - а кога ќе им се случи незгода по патот на Аллах, мислат дека сплетката на луѓето е како казната на Аллах. А ако им дојде помош од Господарот твој, сигурно ќе речат: „Ние, навистина, бевме со вас!“ - Нели е Аллах Оној кој добро го знае она што е во градите на луѓето?
И Аллах, секако, ги знае оние кои веруваат, а секако ги знае и лицемерните!
Оние кои не веруваат им зборуваат на оние кои веруваат: „Следете го патот наш, зашто ќе ги понесеме, навистина, гревовите ваши!“ - Оние не можат да понесат ниеден грев свој; лашковци се, навистина!
Ќе го понесат сигурно бремето свое, а и бремето со другите бремиња свои. А на Денот суден ќе одговараат за она што го сплеткареа.
И Нух веќе Ние го испративме до народот негов, и тој остана меѓу нив илјада, помалку педесет години. Па ги погоди потопот, зашто беа зулумќари.
Па, Ние ги избавивме Нуха и луѓето на бродот, и ги определивме како знамение за световите.
И Ибрахим, исто така, кога му рече на народот свој: „Обожавајте го Аллаха и плашете се од него. Ете, тоа ви е подобро ако знаете.
Вие ги обожававте киповите а не Аллаха, навистина! И лага создавате. Оние кои, секако, обожаваат друг бог, освен Аллах, не поседуваат 'рск за вас. Та, од Аллах посакувајте 'рск; обожавајте Го и бидете Му благодарни. Нему ќе Му се вратите!“
А ако го сметате за лашко... та, и народот пред вас ги сметаше за лашковци. Пејгамберот е должен само да извести јасно!
Не гледаат ли како Аллах го почнува создавањето, и како го возобновува? Ете, тоа за Аллах е лесно, навистина!
Кажи: „Патувајте по земјата па погледнете како започна создавањето. Потоа Аллах тоа ќе го создаде на Денот суден.“ Аллах, навистина, е Кадар за се!