Страна1 / 10
← Сите сури

Али Имран

آل عمران

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, мим!

2

Аллах! Нема друг бог освен Него! Жив и Постоен!

3

Он ти објави Книга, со Вистина и со Потврда за она што беше: Он објави и Теврат и Инџил

4

пред тоа; Патоказ за луѓето, а објави и Одделувач на вистината од невистината. Болна казна ќе имаат оние кои не ги признаваат ајетите Аллахови, навистина! А Аллах е Силен и Строг!

5

Од Аллах, навистина, ништо не може да се сокрие: ни на Земјата ни на небесата!

6

Он со посак Свој ви дава изглед во утробите. Нема друг бог освен Аллах. Силен и Мудар!

7

Он ти објави Книга. Во неа има ајети едноставни. Овие се мајка на Книгата. И ајети сложени. Што се однесува до оние кои во срцата свои имаат скршнување ги следат, заради збрка и свое толкување, ајетите сложени. Толкувањето нивно го знае само Аллах и оние кои се нурнале во знаење. Овие велат: „Ние веруваме во сето тоа и во сето она што е од Господарот наш.“ За тоа се сеќаваат само надарените со разбир!

8

„Господаре наш, не скршнувај ги срцата наши кога веќе ги упати и дарувај ни од милоста Твоја. Ти си, навистина, Дарител!“

9

„Господаре наш Ти си, навистина Збирач на луѓето на Денот во кој нема сомнение. Аллах, секако, нема да ја занемари Средбата!“

10

Кај Аллах, нема да им користат на оние кои не веруваат ни делата нивни, ни децата нивни, навистина! Оние се гориво за оган,

11

како семејството на фараонот и оние пред нив. Ги сметаа за лажни ајетите наши и Аллах, заради гревовите нивни, ги снема. Аллах е Строг Казнувач!

12

Кажи им на оние кои не веруваат: „Ќе бидете победени и збрани во Џехеннемот. Е, само колку одвратно престојувалиште е тоа!“

13

Имавте знамение во двете спротиставени дружини: едната која се бореше на Аллаховиот пат, а другата: неверничка што и се причинуваше дека е двојна поголема од неа. Аллах поддржува кого сака. Во тоа, секако, има ибрет за надарените со јасен поглед.

14

На луѓето им се разубавуваат работите кои ги сакаат: жените, децата, ковчезите полни со злато и сребро, спремните коњи, добитокот и посевите. Ете, тоа е благодат на овој свет. А во близината Аллахова е најубавото престојувалиште!

15

Кажи: „Да ве известам ли за неколку работи кои се подобри од сето ова?“ Богобојазливите, кај Господарот свој, имаат бавчи низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат. Таму има и чисти жени и задоволство Аллахово. А Аллах ги гледа робовите,

16

оние кои зборуваат: „Господаре наш, ние, навистина, веруваме. Прости ги гревовите наши и сочувај не од казната огнена!“

17

Оние: трпеливите, искрените, потчинетите, дарителите и оние кои бараат прошка во мугрите!

18

Аллах сведочи, а и мелеките и учените сведочат дека нема друг бог освен Него. Чувар, навистина, на правдата. Нема друг бог освен Него; Он е Силен и Мудар!

19

Аллаховата вера е - Исламот, навистина! Оние со дадената им Книга се разединија токму тогаш кога им дојде знаење. Беа еднинадруги себични. А оној кој не ги признава ајетите Аллахови... па, Аллах е Брз Пресметувач, навистина!

20

Ако, пак, се расправаат, кажи: „Лицево мое единствено го предавам на Аллах, а и оние кои ме следат.“ Кажи им на оние со дадената им Книга и на незнаенковците: „Нема ли да ја прифатите Послушноста?“ Ако ја прифатат Послушноста, тогаш, ќе одат по Патоказот, а ако, пак, ги свртат плеќите... твое е, секако, само да известиш, а Аллах ги гледа робовите!