Ер-Рум
الروم
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Елиф, лам, мим!
Византијците се победени,
во земјата соседна: по поразот нивни ќе победат
за неколку години. Наредбата е - Аллахова и пред и по. На Денот тој ќе и се радуваат верниците
на помошта Аллахова. Он помага кому сака. Он е Силен и Сомилосен!
Ветувањето е - Аллахово. А Аллах не го изневерува ветувањето Свое. Но, мнозинството на луѓето не знаат!
Ја знаат само надворешноста на животот на овој свет, а за Ахирет се рамнодушни!
Зошто не размислуваат за самите себеси? Она што Аллах го создаде и на небесата и на Земјата, и она меѓу нив, го создаде само со вистина и до рок определен. Мнозинството на луѓето, навистина, не веруваат во средбата со Господарот свој!
Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Беа појаки од нив: ја ораа земјата и градеа врз неа повеќе од она што го градеа. И им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии. Аллах, секако, не им нанесе зулум, туку самите себеси зулум си направија!
Потоа настапи казна за оние кои лошотии нанесуваа, кои ги сметаа за лажни ајетите Аллахови и кои ги исмеваа.
Аллах го започнува создавањето а потоа го возобновува. А потоа кај Него се враќате!
И на Денот кога ќе настапи Часот силницте ќе изгубат надеж.
И не ќе имаат меѓу здружениците свои посредници. Неверници се, токму, заради здружениците нивни!
И на Денот кога ќе настапи Часот... тогаш ќе се разделат едниоддруги.
А што се однесува до оние кои веруваа и кои работеа добри дела... па, тие во Бавча ќе се радуваат!
А што се однесува до оние кои не веруваат... ги сметаа за лажни ајетите Наши и средбата на Ахирет... па, тие во казната ќе се сместат.
Па, славен нека биде Аллах и при легнувањето ваше, ноќе и при станувањето ваше, дење.
Благодарноста Нему му припаѓа и на небесата и на Земјата, и приквечерина и напладне.
Од мртвото Он вади живо, а од живото Он вади мртво, и Он ја оживува земјата по мртвилото нејзино. И ете, вака ќе бидете изведени!
А меѓу знаменијата Негови е и тоа што Он ве создаде од земја, а потоа, ете, станавте луѓе растурени насекаде.