Страна1 / 2
← Сите сури

Лукман

لقمان

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Елиф, лам, мим!

2

Еве ајети од Книгата мудра:

3

Патоказ и Милост за доброчинителите -

4

кои намаз клањаат и кои зекат даваат, и кои се уверени во Ахирет;

5

онаквите се по Патот на Господарот свој и оние се, токму, спасените!

6

Меѓу луѓето има и такви кои купуваат празен говор за забава за да се скршнуваат во заблуда, незнаејќи, од Аллаховиот пат, и кои го прифаќаат за да се исмеваат. За нив има казна срамна.

7

И кога му се кажуваат ајетите Наши ја врти главата надуено, како да не ги слуша, како во ушите негови да има тежина. Па, зарадувај го со казната болна!

8

За оние кои веруваат и кои добри дела работат има, навистина, благословени бавчи џеннетски,

9

во нив за навек ќе останат. Ветувањето Аллахово е - вистина. Он е и Силен и Мудар!

10

Гледате како Он ги создаде небесата без столбови, а по земјата брдата ги расфрла за да не се тресете, и по неа, исто така, растури животни секакви... И од небесата Ние вода ви спуштаме и од земјата овозможивме да никнат од се парови благородни.

11

Ова е создавањето Аллахово. Па, тогаш, покажете ми го она што го создадоа оние, освен Него. Но, зулумќарите сигурно се скршнати во заблуда јасна.

12

И на Лукман, секако, Ние му дадовме мудрост: „Биди благодарен на Аллах!“ А оној кој е благодарен та, за себеси е благодарен, а оној кој не верува, та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!

13

И кога Лукман му рече на син му, советувајќи го: „О синко, не здружувај Му на Аллах здруженик. Здружувањето здруженик, навистина, е зулум голем!“

14

И на човекот Ние му одредивме да се однесува добро кон родителите свои. Мајката го носеше, слабејќи од ден во ден, и го доеше две години: „Биди благодарен, и Мене и на родителите твои. Свратилиштето е - кон Мене!

15

А ако родителите се трудат да те наговорат да Ми припишуваш здруженик за што, всушност, не знаеш ништо, немој да им бидеш послушен, но примерно однесувај се кон нив на овој свет. И следи го патот на оној кој Мене ми е послушен. Потоа враќањето ваше до Мене води, па ќе ве известам за она што го работевте.“

16

„О синко мој, било да е направено нешто колку голушка, па и да е во пустина, на небесата или на Земјата, Аллах ќе го покаже. Аллах, навистина, е Чувствителен и Известен!

17

О синко мој, клањај намаз, наредувај добро и забранувај зло. И биди трпелив во она што ќе ти се случи. Ете, тоа, навистина, е меѓу решителните работи.

18

И не врти го лицето од луѓето, и не оди по земјата горделиво: Аллах, навистина, не го љуби ни горделивиот ни надуениот.

19

И биди умерен во одот твој а намали го и гласот твој. Од гласовите најлошиот, навистина, е гласот магарешки!

20

Не гледаш ли дека Аллах, навистина, ви го потчини и она што е на небесата и она што е на Земјата? И Он ве опсипа со благодатите Свои: и видливи и невидливи. А меѓу луѓето има и такви кои расправаат за Аллах и без знаење и без Патоказ и без Книга светла.