Ес-Сеџда
السجدة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Елиф, лам, мим!
Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение, е од Господарот на световите.
Или зборуваат: „Тој го измислува.“ Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опомениш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат.
Аллах е Оној кој ги создаде и Земјата и небесата и она што е меѓу нив за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. Вие, освен Него, немате ни поддржник ни посредник. Па, нема ли да се присетите?
И Он управува со се она што е меѓу небесата и Земјата, а потоа, во Денот определен, кон Него ќе се извиши: на Денот кој трае илјада години, според она како што вие броите!
Ете, Он е Зналец на јавното и тајното, Силен и Сомилосен!
Кој ја создаде секоја ствар во најдобар облик, и Кој, создавањето на човекот, го започна од глина.
А потоа, породот негов, го создава од избрана капка вода.
А потоа Он го обликува и му вдахнува од духот Свој, И ви дава и слух, и вид и срца. Малкумина заблагодарувате.
И зборуваат: „Кога ќе исчезнеме на земјата па повторно ли ќе бидеме создадени?“ Но, оние во средбата со Господарот нивни не веруваат.
Кажи: „Мелекот на смртта, кој ви е за тоа одреден, ќе ве усмрти, а потоа кон Господарот ваш ќе се вратите.“
Е, кога би ги видел силниците наведнати со главите нивни пред Господарот свој: „Господаре наш, и видовме и слушнавме, врати не повторно назад; ќе работиме добро. Ние сме, секако, уверени!
Е, кога би сакале на секоја душа би и го дале упатството нејзино, но зборот вистински е - Мој. Џехеннемот, секако, ќе го исполнам и со џинови и со луѓе, заедно!
Па, вкусете го Џехеннемот, зашто заборавивте на средбата на овој Ден ваш. И Ние заборавивме на вас, и вкусете ја казната на вечноста за она што, токму, го работевте!
Во ајетите Наши, навистина, веруваат оние кои, кога ќе се споменат, паѓаат на сеџде, и кои Го слават, величајќи Го, Господарот свој, и кои не се дујат!
Страните нивни од постела се накривуваат, повикувајќи го Господарот свој, и од страв и од желба, и кои делат од 'рскот Наш што им го дадовме.
Па, ниедна душа не знае какви радости им се кријат... награда за она што го работеа.
Еднаков ли е верникот со расипникот? Не можат да се изедначат!
А што се однесува до оние кои веруваат и кои добри дела работат... та, за нив има престојувалиште од бавчи џеннетски, подготвени за она што го работеа.
А што се однесува, пак, до расипаните... та, огнот е престојувалиштето нивно. Секојпат кога ќе посакаат да излезат од него ќе бидат вратени во него, и ќе им се вели: „Искусете ја казната огнена за која сметавте дека е лажна!“